Македонија
Се сомневам дека добар дел од пожарите се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40, вели Ангелов

Вчера имало повеќе од 35 активни пожари кои што најголем дел успеале да ги изгаснат, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Вчера имало и повеќе пожари на територија на градот Скопје.
-Се работи за сезона на тешки пожари и за жал, не се само на наша територија. Повеќе од 150 пожари има и на територија на Србија, па оттаму го повлекуваат нивниот хеликоптер и не можеме да сметаме на нивна поддршка. Пожари има и во Грција и насекаде во регионот. Апелирам до сите граѓани да бидат екстремно внимателни. Тешко објасниво е појава на 40 нови пожари во еден ден. На дневна основа имаме појава на 35-40 стихии. Се сомневам дека добар дел се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40 пожари. Или се работи за тотална неодговорност на одредени поединци или за некаква намера, рече Ангелов во видео-обраќањето од пожарот над викенд-населбата Брезница на Козјак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.