Македонија
Се укинуваaт државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа година
Се укинуваaт државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа година.
Како што соопшти министерот за образование, Арбер Адеми, Владата на денешната седница усвоила сет образовни мерки за непречено функционирање на воспитно-образовниот систем.
„Се укинуваaт државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година. Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година. Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни. Се уредуваат уписите на високообразовните установи“, кажа Адеми соопштувајќи ги новите образовни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
11 Октомври неработен ден за сите граѓани
Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството социјална политика, демографија и млади на граѓаните им го честита Денот на народното востание.
Македонија
„Вреди“: ДУИ ја уништи секоја можност за напредок на Албанците во Скопје и пошироко
Секој пат кога Демократската унија за интеграција излегува во јавност и обвинува за наводна угнетеност на Албанците, пред нив се појавува коалицијата помеѓу Блерим Беџети – Данела Арсовска и Левица.
Оваа коалиција од интерес и емоции продолжува да биде функционална во корист на Беџети, Арсовска и Левица, а на штета на Албанците и сите граѓани. Доказ за тоа е продолжувањето на изградбата на споменикот на Андон Лазов Ќосето – познат како „Касапот“, на кружниот тек кај трговскиот центар „Ест гејт мол“, велат од „Вреди“.
Според оваа коалиција, Беџети и најнепосакуваната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, отидоа уште подалеку.
Како што додаваат, во нивната алчност за власт по секоја цена, ДУИ прават сѐ за да ја „деалбанизираат“ градската администрација на Скопје.
„Благодарение на нив Албанците, кои сочинуваат повеќе од 22% од населението на градот, се целосно исклучени од локалната власт. Дополнително, од 92 раководни позиции во администрацијата, само 8 се пополнети со Албанци.
Ситуацијата е уште позагрижувачка во јавните претпријатија на Град Скопје. Освен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена,“ каде Албанците имаат минимална застапеност, во шест клучни претпријатија како што се ЈП “Паркови и зеленило”, ЈП “Водовод и канализација”, ЈП “Јавното сообраќајно претпријатие”, ЈП “Градски паркинг”, ЈП “Улици и патишта”, ЈП “Дрисла”, Албанците заземаат само 5,5% од раководните позиции.
За 22 години, ДУИ ја уништи секоја можност за напредок на Албанците во Скопје и пошироко. Оваа криминална власт, која го игнорираше нашиот народ со децении, го претвори нашиот град и нашите населби во нивната верзија на „Лас Вегас,“ каде што само тие профитираат, додека Албанците остануваат пред затворените врати на власта“, истакнуваат во реакцијата.
Коалицијата „Вреди“ како што посочуваат, е посветена на борбата против овие неправди.
„Нема да дозволиме овој вид дискриминација да продолжи и ве уверуваме дека секоја неправда ќе биде откриена и со решителност ќе се спротивставиме. Албанците во Скопје заслужуваат претставување и можности кои им се ускратени“, нагласуваат од „Вреди“
Македонија
Меџити – Варнес: приоритет политиките за заштита на животната средина
Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вчера имаше средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.„Вчера остварив многу плодна средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. Ја изразив мојата благодарност за непоколебливата поддршка што САД и ја даваат на Северна Македонија, особено во процесот на интеграција во ЕУ.
Дискутиравме за силните односи помеѓу нашите земји и за важноста на понатамошно зајакнување на соработката во различни области од заеднички интерес“, изјави Меџити. Тој дополнително објасни дека на оваа средба, ја истакнал важноста на неговата улога како министер за животна средина и просторно планирање, особено поради големите еколошки предизвици со кои се соочуваме. Тука спаѓаат енергетската криза, децениското загадување на воздухот, управувањето со отпадот, обезбедувањето чиста вода и третманот на отпадните води.„Исто така, ја нагласив важноста на соработката во справувањето со климатската криза и промовирањето на одржливиот развој.
Полната посветеност кон политиките што ја заштитуваат животната средина е мој приоритет, бидејќи тоа е најдобриот начин за подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, што е неопходен приоритет“, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.