Македонија
Сигурно, фер и професионално: „Супер возач“ воведува нов стандард за возачки испити
Над 1.500 спроведени испити за помалку од еден месец – нова ефикасност и доверба во Пелагонискиот Регион
Автомото-испитниот центар „Супер возач“ за кратко време успеа да внесе нова динамика и доверба во процесот на возачките испити. За само еден месец, на територијата на СВР Битола се спроведени над 1.500 теоретски и практични испити за сите категории на моторни возила – со минимално чекање, транспарентен пристап и стручна поддршка.

Со лиценца издадена од Министерството за внатрешни работи, центарот целосно ги исполнува сите законски услови предвидени со Правилникот за спроведување на возачки испити, вклучувајќи современа техничка опрема, соодветна инфраструктура и лиценциран кадар обучен според највисоки стандарди.
„Најголемата промена ја чувствуваат кандидатите – денес се полага со знаење. Системот е поставен така што секој што знаење има и фер шанса да положи. Тоа е суштинска промена“, истакнуваат од менаџментот на „Супер Возач“.

Во тимот на испитниот центар работат сообраќајни инженери, економисти, техничари и стручни инструктори, со лиценци за теорија, пракса и контрола на СИЦ. Ова гарантира доследно спроведување на испитите и висок степен на професионалност.
Нов стандард на услуга
Досегашните позитивни искуства на кандидатите зборуваат за суштинска промена: чекањето за испит е сведено на помалку од една седмица, а целокупниот процес е поедноставен, појасен и без непотребни административни пречки.
Центарот располага со 6 пријавни пунктови, 4 автодроми за практични испити и 3 училници за теоретски испит, овозможувајќи оптимален распоред за целиот Пелагониски регион – Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
„Нашата цел е едноставна: да создадеме систем во кој секој кандидат ќе има доверба. Возачката дозвола мора да биде резултат на знаење и подготвеност – ништо помалку.“
Бидејќи секое возење започнува со доверба – а довербата се гради со фер услови, човечки пристап и професионален систем. Тоа е патот што „Супер Возач“ секојдневно го гради. За идните возачи. И за побезбедни патишта.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

