Контакт

Избори 2019

Силјановска: Ако станам претседателка, едно од моите први обраќања ќе се однесува на ромската заедница

Објавено пред

Ако станам претседателка на Република Македонија, едно од моите први обраќања ќе се однесува на ромската заедница. Се разбира дека ако мојата ќерка ја одгледала Ромка, една прекрасна жена што влегла во нашиот живот и ние во нејзиниот, не знам зошто не би побарала помош од Ромките и Ромите и во вршењето на претседателската функција, рече Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседателка на државата од ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Ромите.

dobivaj vesti na viber

„Вреди да се одбележуваат важни датуми, како овој ден на Ромите во светот. Меѓутоа, уште повеќе вреди секој ден да биде пристоен ромски ден. Се разбира, Република Македонија на овој план, уставно правно зашто Ромите си го најдоа заслуженото место во преамбулата, и институционално правно може да се пофали дека водевме сметка за своевидно самоуправување или себеуправување во рамките на општина во која мнозинство се Ромите, како што е Шуто Оризари“, рече Силјановска.

Но, додаде таа, мислам дека на овој ден треба да се обврземе да исполниме и многу други предизвици поврзани за ромската заедница, особено на планот на правичната и соодветна застапеност на сите нивоа на власта, особено на посебна заштита на ромската заедница како најранлива категорија не само во светот и во Република Македонија и тука мислам на посебните усилби за образованието, за здравството, за социјалната заштита.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет1 час

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 час

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 час

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа2 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија10 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет14 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет15 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет22 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет22 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет22 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет23 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет23 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...