Македонија
Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во војската мора да има ред! Во војската мора да има хиерархија! Во војската мора да има стандарди“, рече, вечерва, од митингот во Прилеп, кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова.
„Особено мора да ги почитуваме НАТО стандардите бидјеќи сме членка на сојузот! Меѓутоа ако и таму има политизација и партизација, ако нема доволни жени на клучни позиции, тогаш мислам дека прашалникот е голем. Зошто жени? Бидејќи и јас како и сите жени, сум горда и знам дека во сите области можеме да внесеме нешто ново. А важно е бидејќи главните жртви во сите војни се жените и децата. Кога има жени во Армијата и на клучни фукции, на клучните позиции во државата, тогаш има поголеми гаранции за мир“, порача Силјановска-Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски се огласи на социјалните мрежи откако ноќеска му беше запалено возилото.
„Да, возилото мое е изгорено целосно. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, нити наштетил. Сум помагал и ќе помагам на кого можам секогаш. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути, и пламенот не ги зафати куќите.
Апелирам до министерот, и до Министерство за внатрешни работи и надлежните најскоро да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, поради мирен живот во Скопје и цела држава на сите граѓани. Има и сејф сити и камери окулу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен“, напиша тој.
Македонија
СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.