Македонија
Силјановска и Мицкоски во дводневна посета на Брисел
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и кандидатката за претседател, поддржана опозицијата, Гордана Силјаноска-Давкова денеска и утре ќе престојуваат во посета на Брисел, седиштето на Европската Унија.
Во рамките на посетата ќе земат учество на политичкото Собрание на Европската народна партија каде членуваат најголемите сестрински десничарски партии во Европа, меѓу кои се партиите на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Романија Клаус Лоханис, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, хрватскиот премиер Андрија Пленковиќ.
Притоа се очекува да се остварат и повеќе билатерални средби со официјални лица на Европската народна партија и претставници на Европскиот парламент. Се очекуваат средби со Едвард Кукан, кој е и известувач за Македонија во Европскиот парламент, европратеничката Марија Петир, Манфред Вебер – кандидат за претседател на Европската комисија и актуелен претседавач со групата на Европската народна партија во ЕП, со Дејвид Мекалистер – потпретседател на Европската народна партија и претседавач на Комисијата за надворешни работи на ЕП, како и со претседателот на Европската народна партија, Жосеф Дол. Се очекуваат и разговори со хрватскиот премиер Пленковиќ, лидерот на најголемата словенечка партија Јанез Јанша, како и со повеќе лидери на младинските движења и развојни политики во рамките на Европската Унија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека средбите ќе бидат искористени за афирмирање на стратешката цел за напредок на европската агенда на државата, пренесување на загриженоста од актуелната политичка состојба во земјава врзана за недостигот на правда, нарушената правна држава и самоволието на владините механизми, како и економската стагнација на земјава.
„Ќе се разговара и за понудување решенија кои ќе обезбедат зголемена сигурност на граѓаните и владеење на правото и ќе биде нотирана потребата за организирање фер и демократски изборен процес, кој е загрозен од повеќе недемократски чекори на власта. Воедно ќе биде искористен престојот за промоција на целите и размислувањата на кандидатот за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова во поглед стратешкото ориентирање и предводење на Република Македонија во остварување на стратешките цели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамките на партиската делегација се и потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег, од следната недела заладување
Времето утре, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Сали – Џанел: Холандската поддршка значајна за реформите и евроинтеграцијата
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Џанел.
На средбата се разговарало за европската интеграција, спроведувањето на Реформската агенда и билатералната соработка. Министерот Сали нагласил дека членството во ЕУ останува стратешки приоритет, како и целосната усогласеност со Владеење на правото.
Било дискутирано и за уставните измени како предуслов за отворање на кластерите, како и за напредокот во рамки на Кластерот „Темелни вредности“. Воедно било истакнато дека третото барање за исплата на средства е доставено навремено, со значителен напредок во реформските чекори.
„Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката во областа на реформите и владеењето на правото“, соопштија од Министерството.
Македонија
ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната плата да се големи на 600 евра, а сите останати да се зголемат за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, од улица им кажа на газдите во коморите, за кои смета дека избркале цели семејства надвор од државата, дека се оставени да бидат единствени виновници што не се покачува минималната плата.
„Владата веќе кажа дека се договарала со своите вработени, па ги остави газдите да бидат виновни за идниот генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
Им порача на газдите дека понудата за зголемување на минималната плата е се уште на маса, но нема да остане уште долго оти следниот пат ќе се појават со генерален штрајк. Кажа дека во неработен ден ќе организираат голем работнички протест со организиран превоз за работниците, за да се даде шанса на секој работник да им се придружи.
Претседателот на ССМ Трендафилов објасни дека пред коморите, исто како и пред Собранието, се појавиле со само 21 работник оти толку бара законот, но да немало такво ограничување тој кажа дека бил подготвен за застане сам за да ги заштити работниците да бидат сликани и снимани.
Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кажа дека се подготвени секојдневно да им бидат пред очи и на пратениците и на газдите.
„Доколку газдите не се одважат дел од колачот да го дадат на работниците кои во минатото им го овозможиле тој профит, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица со нив, со блокади со шатори и секој еден ден да ги потсетуваме дека повеќе за тие плати нема да работиме“, рече потпретседателот на ССМ, Пешевски.
За вторник следната недела ССМ најави блокада на Владата, пред повторно да преминат на нов голем работнички протест и генерален штрајк.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, денес кажа дека блокадите и протестите на ССМ имаат политичка заднина и во деновите што доаѓаат на македонската јавност ќе и покаже како лицата кои блокираат се поврзани со опозицијата.

