Македонија
Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики
Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото мнозинство, „Макфакс“ разговараше со професорката Гордана Силјановска-Давкова како претседателски кандидат зад кој застана ВМРО-ДПМНЕ.
Силјановска објаснува зошто одлучила да се кандидира преку ВМРО-ДПМНЕ, а не преку СДСМ, зборува за своите размислувања за шарената револуција, за притисоците со кои се соочува по кандидатурата, разговаравме за нејзиното неодобрување на преспанскиот договор и Законот за употреба на јазиците, како и за промените што планира да ги направи доколку стане претседател на државата.
Ова е еден од одговорите што Силјановска ги дава на прашањето зошто решила претседателската кандидатура да ја поднесе преку ВМРО-ДПМНЕ.
Целото интервју ќе биде емитувано утре на „Макфакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

