Македонија
Синдикатот ги повика пратениците: Не гласајте измени со кои судската администрација нема да добие покачување на платата од 2.000 денари
Претседателката на Независниот синдикат на судска администрација, Јасмина Величкова, ги повика пратениците да не ги гласаат законските измени со кои се скратува правото за 2.000 денари да им се зголеми платата на судската администрација. Синдикалците сметаат дека е срамен потегот на Владата во предизборен период да ги истурка измените кои предвидуваат трансформација на минималната плата од компонента на основна плата во дополнителни бодови за звање.
„Овие предложени измени се апсолутно неприфатливи за нас вработените во судската служба бидејќи се прават само со една и единствена цел – ние како судска служба да не добиеме покачување на платата со најавеното покачување на минималната. Ова е срамен потег на Владата да го истурка донесувањето на овие законски измени во предизборен период и во време кога минималната синдикална кошничка изнесува 57.476 денари за февруари, а се работи за покачување на платата за 2.000 денари за вработените кои како основна плата земаат ја минималната. Ги повикуваме пратениците да не ги гласаат овие законски измени и да не заборават дека многу бргу ќе треба да се сретнат со нас, да не погледнат во очи и да ни побараат повторно да ги гласаме“, рече претседателката на Синдикатот, Величкова.
Ако евентуално Собранието ги усвои измените, Величкова го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпише овие измени бидејќи се против интересите на обичниот граѓанин, кој зема понижувачка плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имат мнозинство (најмалку 61 пратеник).
„Владата ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник. За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса. Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада“, велат од Демократскиот сојуз.
„Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.
Наводната проевропска партија „ги отвори вратите на ЕУ“, при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади Албанци.
Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ. Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.