Македонија
„Синлаб“: Медицинскиот отпад го одлагаме во „Дрисла“, ненамерниот пропуст ќе ја зајакне контролата
Сите процедури што се спроведуваат во дијагностичката лабораторија „Синлаб“, особено складирањето и одлагањето медицински отпад, се строго контролирани во сите лаборатории, велат од оваа приватна здравствена установа по вчерашната информација дека од лабораторијата фрлале медицински отпад во јавни контејнери.
Токму поради досегашната посветеност на строгите процедури, од „Синлаб“ истакнуваат дека последниот утврден наод на ДЗСИ за пропусти во селектирањето на отпадот сериозно ќе го земат предвид во понатамошната работа и ќе преземат мерки на надзор и уште поголема контрола.
„Сакаме уште еднаш да напоменеме дека во утврдениот случај се работи за ненамерно и случајно фрлање неколку парчиња медицински отпад, наместо во отпадот наменет за ‘Дрисла’, во стандардниот отпад што се одлага во контејнерите на ‘Комунална хигиена’“, се наведува во соопштението на дијагностичката лабораторија.
Од таму додаваат дека ги поддржуваат сите активности и мерки за заштита на човековата средина и во таа смисла ги исполнуваат сите законски барања за управување со отпад.
„Имаме договор со ‘Дрисла’ за одложување на медицинскиот отпад во Скопје, односно со ‘Екоклуб’ за одложување медицински отпад во Битола и Тетово. Медицинскиот отпад на ПЗУ ‘Синлаб Скопје’ од страна на ‘Дрисла’ се депонира во ‘Дрисла’ за што постои соодветна документација“, стои во соопштението.
Во него се потсетува дека „Синлаб Скопје’ е лабораторија која е една од основоположниците на приватната лабораториска дејност во земјата.
„Како лабораторија, единствена во Македонија, која е дел на меѓународна групација на лаборатории со седиште во Германија, имаме строги правила за работа што се постојано под контрола, како интерна така и во рамките на Групацијата. ‘Синлаб Скопје’ е воедно и прва лабораторија во Северна Македонија која е акредитирана според стандардот ИСО15189 за медицински лаборатории. Станува збор за меѓународен стандард за квалитет и компетентност кој ги специфицира барањата на системот за управување со квалитет, особено на медицинските лаборатории“, велат од „Синлаб“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

