Македонија
Сите интерни клиники ќе примаат ковид-пациенти
Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид-пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа, соопшти Министерството за здравство.
Министерот за здравство, Венко Филипче, имал средба со директорите на Клиниките, при што, како што велат од министерството, обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид-пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид.
„Згрижувањето на ковид-пациенти ќе биде под посебни протоколи, направена е поделба на црвени и зелени зони, односно оделени се деловите каде ќе се хоспитализираат ковид-пациенти, од деловите за пациентите кои ќе имаат потреба од редовни прегледи или интервенции.
Институтот за белодробни заболувања веќе има ковид-пациенти, а на располагање се ставаат и останатите интерни клиники. Клинички центар е во мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега. Освен болнички кревети, кадарот е спремен да работи со ковид-пациенти, веќе е направен системот на ротација на лекари и медицински пероснал, како и распоред за дежурства за да се покријат и тековните интервенции и амбулантни прегледи со пациентите кои имаат потреба од здравствена нега на некоја од клиниките“, се вели во соопштението.
Дополнително околу 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните клиники со што ќе се направи реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

