Македонија
„Сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување“ – Весна Петрушевска реагира на коментарите по објавата на аферата
Актерката, Весна Петрушевска, реагира на коментарите со кои се соочи, откако во поткаст обелодени дека пред години имала афера со тогашниот премиер, Бранко Цвренковски.
Петрушевска воглавно наиде на морализирање, но и навредливи коментари на социјалните мрежи. Имаше и такви кои во нејзина одбрана, но и за волја на вистината, искоментираа дека ако на пример, актер изјавеше дека имал афера со македонска политичарка, ќе беше најголем фраер, алудирајќи на тоа дека општетството страда од двојни стандарди, и тоа не се случува првпат.
Петрушевска се осврна на оние кои, како што рече, „се многу чесни, а се потепаа од изневерувања и играње улоги на добри родители“.
Нејзината објава ја пренесуваме во целост:
„Затоа што сите сте многу чесни ,а се потепавте од изневерување и прељуби, затоа што се потепавте да играте улоги на добри родители, а децата ви се неписмени. Затоа што морализирате, а подалеку од носот не сте мрднале, затоа што и покрај тоа што е ми се случи во животот јас не престанав да бидам поветена мајка, професорка на илјадници деца кои се пример за ова општество. Затоа што се борам за значајни нешта во оваа држава, затоа што имам над 3.000 изведби, над 700 ТВ емисии проекти , вие се фативте за афера кога сум била младо девојче и притоа сама одлучувам да си ја кажам оти ми е гајле што ќе кажете. Точно знаев дека че морализирате оти вие сте чесни, вие не правите ништо освен што сте јаки на тастатура. Јас исчував деца оставени, сама направив кариера, сама создавам! Се извинувам што не сум светец-светица како вас. Уф ќе заборавев бев и прва на барикадите за македонскиот јазик и идентиетот, вие веројатно сте имале попаметна работа. Фала многу и пријатно, струја дома не ми плаќате ❤️❤️❤️срцки тие па и неталентирано духовити ❤️“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

