Контакт

Избори 2019

Сиљановска: Со женската енергија и креација од Македонија ќе направиме нешто поинакво

Објавено пред

Кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска Давкова, вечерва се обрати пред граѓаните во општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од нејзиниот штаб, таа на собирот истакнала дека владата на СДСМ и Заев наликува на авион без пилот.

„Да го опишам општествениот авион во кој нема пилот. Прво, демократијата одамна живее во Македонија. Демократијата ја персонифицираат пратениците во парламентот, меѓутоа тие одамна не се наши претставници, туку се претставници односно послушници на партиите на власт. Гласаат по порачка, гласаат на копче, се натпреваруваат во брзината на гласањето“, истакнала Сиљановска Давкова.

Според неа, неопходна е поделба на власта во државата, бидејќи само така може да има демократија и само на тој начин може да се почитуваат човековите права и слободи.

„Без поделба на власта на законодавна извршна и судска не може да постои демократија. Трите власти мора да се ограничуваат меѓу себе со спреги и кочници за ниту една да не се издигне. Зошто ако се издигне една над другите, тогаш жртви ќе бидеме ние граѓаните односно нашите човекови слободи и права. За жал, ако нема собрание, ако претседателот е заборавен дури и во функции што се најпретседателски како онаа да склучува меѓународни договори во името на Република Македонија, не на безимената држава како во Преспанскиот договор, тогаш каде е власта“, запрашала кандидатката за претседател на митингот.

Сиљановска истакнала дека како претседателка ќе ги инспирира жените најпрво на државата да и ја понудат својата енергија, знаење, својата креација, својата убавина за да направат од Македонија, како што рекла, нешто поинакво.

Таа од жителите на Аеродром побарала на 21 април и 5 мај масовна поддршка за, како што кажала, конечно во Македонија да се врати правото и правдата.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Шефот на СЗО го повика Израел да покаже милост во Газа: Замислете како луѓето страдаат

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже милост во војната во Газа. Во емотивно обраќање на...

Македонија2 часа

Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се...

Македонија9 часа

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox –...

Македонија16 часа

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија16 часа

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Македонија17 часа

Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република...

Македонија18 часа

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот...

Македонија18 часа

Поднесени две обвиненија за „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“, со кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор...

Македонија20 часа

(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и...

Македонија20 часа

Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека...

Македонија21 час

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција, покажа ревизорскиот извештај за Хематологија

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника...

Топ21 час

24-годишник од Струшко со „мерцедес“ излетал од пат: двајца тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во...

Македонија21 час

Во Лондон денеска ќе биде потпишан договорот меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија ќе биде потпишан денеска во Лондон. Вицепремиерот и...

Регион21 час

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано...

Свет23 часа

(Видео) Снимката од апсењето на убиецот на израелска двојка стана вирална на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека го прикажува моментот кога Елијас Родригез, осомничениот за смртоносната...

Свет24 часа

(Видео) Првпат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од...

Европа24 часа

(Видео) Рускиот министер за надворешни работи: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина...

Свет24 часа

(Видео) Севернокорејците неуспешно лансираа разорувач, Ким Џонг-ун ја осуди несреќата: „Небрежност што го наруши достоинството на земјата“

За време на спуштањето во вода на нов севернокорејски воен брод, на кој присуствуваше и лидерот Ким Џонг Ун, се...

Свет1 ден

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон....

Свет1 ден

(Видео) Трамп го нападна новинарот кој праша за луксузниот авион: Ти си срам!

Американскиот претседател Доналд Трамп бурно реагираше на прашањата од новинарот на „Ен-би-си Њуз“, Питер Александар, за луксузниот авион што катарската...