Македонија
Скопска Апелација треба да одлучи за изземањето на судиите во „Титаник“

Врховниот суд во понеделникот ја испратил одлуката за изземање на судиите во случајот „Титаник“ до Апелациониот суд во Скопје, потврдуваат оттаму за „Макфакс“. Решението и предметот се испратени до апелационите судии, одговорија од највисокиот суд за „Макфакс“. Кога решението ќе биде готово, тоа оттаму ќе биде испратено во кривичниот суд. За предметите ТНТ и „Насилство“ повисоките судови донесоа одлука дека нема основа за изземање на судиите.
Поради немањето одлука за изземање, беше одложено и денешното судење за случајот „Титаник“, во кој се обвинети експремиерот Никола Груевски и уште 20 други лица. Адвокатот Еленко Миланов побара изземање на судиите поради сомнеж дека ги има во бомбите. На денешното рочиште дојдоа сите обвинети, меѓу кои и Гордана Јанкулоска, која не се појави на претходното судење поради отворено боледување. Следното рочиште е закажано за 9 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.