Македонија
Скопските пожарникари во потрага по преживеаните под урнатините во Драч
Екипите на Град Скопје се пристигнати во Драч и ставени на располагање на надлежните служби во Албанија. Таму се веќе и нивните колеги од Италија. Заеднички ќе се обидат да спасат што е можно повеќе животи, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

По серијата на земјотреси што ја погодија Албанија, а најмногу се почувствуваа во градот Драч, во кој има жртви и многу повредени, Градот Скопје веднаш испрати екипи за помош на настраданите.
Градот Скопје испрати две екипи, едната екипа е составена од четири пожарникари, а втората екипа е составена од двајца коишто ќе вршат снимање на самото место со термален дрон и термални камери, за да се откријат евентуални преживеани во урнатините, како и беспилотно летало коешто ќе врши 3Д мапирање на теренот со цел штетите коишто се настанати и оштетувањата на објектите да може да бидат како мапа достапни на спасувачките служби коишто се на самото место. За утре е закажана редовна седница на Советот на Град Скопје и ќе има вонредна точка за доделување парична или материјална помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

