Македонија
Скопјанец измамил 18 граѓани – им ги купил автомобилите преку неактивни фирми и не им ги платил
Во Кривичниот суд во Скопје со сведочење на двајца оштетени продолжи рочиштето за измама во предметот каде што биле измамени 18 граѓани што ги продале возилата, а не им биле платени.
Прв пред судечкиот совет, со кој претседаваше судијата Ѓоко Ристов, сведочеше оштетениот Арсен Арсовски, кој рече дека објавил оглас на интернет оти продава возило „мини купер“. На огласот се јавил обвинетиот Авдиљ Љимони и му дал 600 евра како капар за да го купи возилото. Љимони му ветил дека другиот ден ќе уплати 5.000 евра на сметка, но тоа не се случило. Завериле договор за купопродажба на нотар, но оштетениот забележал следниот ден дека нотарот го заверил договорот со истечена лична карта на купувачот Љимони.
„Утредента не се јавуваше. Се јави по 3 часот и рече дека е во банки и дека следниот ден до 20 часот ќе ги уплати парите на мојата сметка. Потоа се јави брат му Фатмир за да ми каже дека ќе се исплатат парите, да не паничиме. Средства немаше и пријавив во полиција“, рече Арсовски.
Според обвинението на скопското Обвинителство, во периодот од мај до јули 2018 година обвинетиот Авдиљ Љимони од Скопје ги довел во заблуда и измамил 18 граѓани претежно од Тетово и Струмица.
Обвинетиот Љимони преку јавни огласи наоѓал физички лица што нуделе на продажба моторни возила. Кога ќе стапел во контакт, ги доведувал во заблуда дека треба да купи автомобил за фирмите, склучувал и заверувал договори за купопродажба, каде што како купувач се јавува тој, ополномоштен од фирми што немале банкарска сметка или биле неактивни.
По склучувањето на договорите, обвинетиот лажно им прикажувал на оштетените дека купопродажната цена ќе ја исплати истиот, т.е. следниот ден, но тоа не се случило. Вкупната предизвикана штета во случајот е 7 милиони и 696 илјади денари или приближно 125 илјади евра. Љимони купил возила „бмв“, „опел“, „мини купер“, „ауди А3“, „форд“…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

