Македонија
(Видео) Славомакедонија е неприфатливо решение за нас, истакна Ахмети по средбата со Коѕијас
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, изјави дека името Славомакедонија, слеано, не е прифатливо решение за спогодба.
„Нашите ставови беа јавни, ние не се согласуваме името Славомакедонија да биде решение во преговорите со Грција. Јас лично не сум дел од преговарачкиот тим, но прифатливо решение е она со кое двете страни ќе бидат задоволни“, рече Ахмети.
Тој истакна дека имал продуктивен состанок со грчкиот министер Коѕијас, каде што биле споделени заедничките ставови дека Западен Балкан треба да живее во мир и стабилност и дека овие земји имаат ист интерес, а тоа е напредок и влез во ЕУ и НАТО.
„Нашата земја треба да има добра соработка со другите земји од Балканот, како и со земјите од Европската Унија. Кај господинот Коѕијас забележав добра волја за решавање на спорот за името, со што се потврди изјавата на Столтенберг од неговата посета пред неколку месеци дека во НАТО има место и за знамето на оваа држава“, рече Ахмети.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

