Македонија
Следно поглавје „Студирај на АУЕ – ФОН, плати како на државен“
Доколку праксата за време на студирањето Ви е подеднакво важна колку и теоријата и сакате одговор од професорот на секое поставено прашање, во било кое време, ова е ШАНСА за секој матурант! Американскиот Универзитет на Европа – ФОН стартува со кампањата „СТУДИРАЈ НА АУЕ – ФОН, ПЛАТИ КАКО НА ДРЖАВЕН” за ранo пријавување на матуранти.
Кампањата е наменета за сите матуранти кои што се заинтересирани да студираат на некои од факултетите на АУЕ – ФОН, a целта е да се даде можност и олеснителност во студирањето.
АУЕ-ФОН со кампањата уште еднаш покажа дека безрезервно се залага за сите амбициозни млади, кои го разбираат квалитетот на образованието, па така следејќи ги светските стандарди, им дава можност на идните академски граѓани да заштедат финансии, а при тоа во текот на своето високо образование да добијат знаење и квалитетно образование од престижниот наставен кадар, кој зад себе има богата истражувачка дејност.
Заинтересираните матуранти ќе имаат можност преку апликацијата на веб страницата на АУЕ-ФОН да остават свои лични податоци, а пријавените ќе бидат контактирани во рок од 48 часа.
Со овој начин на аплицирање, АУЕ – ФОН го применува холистичкиот, односно индивидуалниот пристап за упис на кандидатите врз основа на однапред утврдени критериуми како што се на пример: остварен успех, лични способности, квалитети и останати вредности. По разгледување на сите критериуми заедно, студентите ќе бидат известени за поволностите и условите за студирање.
Слоганот за целокупната уписна кампања на Американскиот универзитет на Европа – ФОН за оваа академска година е „NEXT CHAPTER”.
Поволностите од кампањата за рано пријавување на матуранти „СТУДИРАЈ НА АУЕ – ФОН, ПЛАТИ КАКО НА ДРЖАВЕН” може да се искористат само во месец април.
Ова е одлична можност за студентите да го променат своето гледиште на студирањето, кое не треба да биде само потреба, туку уживање, а придобивките што ќе ги добијат на АУЕ-ФОН се индивидуален пристап и комуникација со наставниот кадар, практична настава, работа за време на студиите и уште многу позитивни аспекти кои го издвојуваат овој универзитет од останатите во нашата земја.
Пријавете се и станете дел од големото семејство на АУЕ-ФОН!
Повеќе информации за кампањата која трае од 01 до 30 април, може да се добијат на телефонскиот број 076/22 55 44 или на fon.edu.mk
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

