Македонија
„Службен весник“ и Адвокатската комора потпишаа Меморандум за соработка
Директорот на ЈП „Службен весник“, Владимир Кроневски, и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, потпишаа Меморандум за соработка, со кој уште еднаш се потврдуваат долгогодишната тесна соработка и добрите намери за унапредување на заемната институционална поврзаност.
Со склучувањето на овој Меморандум за соработка ќе се овозможи правна рамка за соработка, а воедно и за давање повластена понуда за адвокатите – членови на АКРСМ, за претплата на Електронската база со мобилната апликација на прописи со редакциски (консолидирани) пречистени текстови коja ja изработува претпријатието.
Базата на прописи во Република Северна Македонија во електронска форма, како и на апликација за мобилен телефон, претставува сеопфатна база на важечки прописи во правниот систем на Републиката, систематизирани на начин да може на брз и едноставен начин корисникот да го пронајде прописот кој му е потребен. Воедно, во наведената база се содржани и пречистените текстови на законите, подредени по соодветни хронолошки верзии и по секоја нивна нова измена или дополнување на одделен закон, како и електронското издание на службеното гласило.
Согласно со членот 7 од споменатиот закон, електронското и печатеното издание на „Службен весник на Република Северна Македонија“ имаат ист текст и содржина и еднаква правна важност. По исклучок, доколку се појави неусогласеност помеѓу текстот и содржината на електронското и печатеното издание, за точен, односно правно важен, ќе се смета текстот објавен во електронското издание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Македонија добива нов претседател и нова влада“, најави Муцунски
„Цензусот е постигнат. Македонија добива нов претседател и нова влада, предводена од Христијан Мицкоски“, напиша на социјалните мрежи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Тој упати благодарност до граѓаните за поддршката, како и за нивниот придонес за мирни, фер и демократски избори.
Македонија
Јавно обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања во гласањето и пријави за изборни инциденти
Јавното обвинителство соопшти дека до затворањето на избирачките места, изборниот ден поминал генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти.
„Од информациите добиени од јавните обвинителства во државава, во ОЈО Кавадарци оформен е предмет по поднесено известување против лице од Неготино кое било пријавено од граѓанин за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од член 160 од Кривичниот законик. Според наводите, пријавената телефонски се обидела да влијае кај пријавителката да гласа за една политичка партија, напоменувајќи дека е корисник на ИПАРД помош. Предметот е во предистражна постапка и се преземаат дејствија за да се утврди дали постојат елементите на пријавеното кривично дело или друго кривично дело кое се гони по службена должност.
Во ОЈО Кочани примени се известувања од МВР за пријавени настани поврзани со организирано носење на гласачи на избирачко место. Јавен обвинител веднаш даде насоки за проверка и прибирање податоци дали при превозот на каков било начин им се влијаело на гласачите во врска со остварувањето на нивното гласачко право.
Анонимен граѓанин во Ростуше пријавил дека едно лице вршело поткуп на гласачи. ОЈО Гостивар веднаш даде наредби и насоки, беа направени детални проверки, при што наводите не се потврдија со ниту еден доказ.
Освен ова, јавните обвинителства постапуваат и вршат проверки за сите други изолирани настани за кои јавноста претходно беше информирана.
Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Македонија
Адеми тврди дека симпатизери на Европскиот фронт гласале за претседател: „Оставивме самите да одлучат“
Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција изрази благодарност до секој гласач што ја избрал европската иднина и ги осуди, како што велат, обидите на опозицијата преку пропаганда и лажни вести да сее страв.
Портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека Европскиот фронт денеска ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина на земјата.
„Нема враќање назад. Волјата на граѓните е пред се. Ќе останеме верни на волјата на гласачите. Европскиот фронт е гаранција дека активното и масовно учество на граѓаните ќе биде одлучувачко за натамошното напредување на Македонија. Вечерва победата е наша. На сите вас кои кажавте „Не на Русија, да на Европа“, рече Адеми.
Тој вели дека ставот на Европскиот фронт бил поддржувачите самостојно да одлучуваат дали ќе гласаат на претседателските избори.
„Ако направите споредба на процентот на излезност, има мала разлика, но не до тој степен што би се одразила фактичката состојба на нашите поддржувачи. Така што, имало поддржувачи на Европскиот фронт кој ја изразиле својата волја на претседателските избори“, изјави Адеми.