Македонија
Смена на команданти на Командата за операции и Првата пешадиска бригада на Армијата
Врз основа на Указите на претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, со кои се извршија поставувања на командните позиции на Командата за операции (КО) и Првата пешадиска бригада (1.пбр), денес официјално се изврши примопредавање на командантските должности во овие две команди.
Во касарната „Боро Менков“ во Куманово со воена свеченост, согласно Правилото за воен протокол по предавањето на военото знаме, се изврши примопредавање на должноста командант на КО, помеѓу генерал-мајор Павле Арсоски и бригаден генерал Бесник Емини.
Бригадниот генерал Емини досега ја извршуваше должноста командант на 1.пбр, а отсега ќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата, додека генерал-мајор Павле Арсоски беше на оваа должност од мај 2018 година, а во понатамошниот период ќе ја извршува должноста советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.
На свеченоста пред стројот на припадниците на потчинетите единици со пригодни говори се обратија началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, досегашниот и новопоставениот командант на КО.

Генералот Ѓурчиновски во своето обраќање на генералот Арсоски му оддаде признание за дадениот придонес и покажаното лидерство, посветеност и професионалност кои ги има вложено во оваа команда и му порача своето знаење и искуство да ги вгради на новата позиција.
Честитајќи му ја новата должност на генералот Емини му посака успешно командување со командата во која и претходно извршуваше должност началник на штаб, притоа очекувајќи да продолжи по исцртаната патека, постигнувајќи успеси со кои ќе се гордее Армијата. На крајот од своето обраќање, генералот Ѓурчиновски на припадниците на оваа команда им изрази благодарност за ангажирањето во изминатиот период во справување со пандемијата, миграциската криза и трансформациските процеси.
Генералот Арсоски во својот говор истакна дека КО и потчинетите команди и единици се исклучително компактен, ефективен и ефикасен орган каде се воспоставени високи стандарди на работа. Притоа искажувајќи дека во овој период сите предизвици беа надминати и беа реализирани сите задачи, осврнувајќи се на успешно изведените вежби и динамичната обука. На припадниците на КО им порача да ја дадат поддршката на новопоставениот командант и да продолжат по патот на успехот.
Новопоставениот командант Емини во своето обраќање истакна дека обврските и задачите ќе му бидат императив во извршување на оваа должност во периодот кој следува, период кој ќе биде исполнет со завршување на процесот на трансформација и градење способности. Со посветеност и доследност во извршување на задачите ќе се достигне остварување на зацртаните цели и посакуваното ниво на подготвеност.
Бригадниот генерал Бесник Емини во текот на воената кариера извршувал повеќе командантски и штабни должности, меѓу кои и командант на Ренџерскиот баталјон, како и началник на штаб во КО, а претходната должност, командант на 1.пбр ја извршуваше од 2019 година.
Согласно Указите, претходно, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец на ист начин се изврши примопредавање на должноста, командант на 1.пбр, помеѓу бригаден генерал Бесник Емини и полковник Сашко Лавчиски, кој доаѓа од местото началник на одделението за специјални операции во Генералштабот на Армијата, а претходно има извршувано штабни должности во Полкот за специјални операции, а беше и командант на Баталјонот за специјални операции.

На денешните воени свечености покрај началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски присуствуваа и заменикот на министерот за одбрана, Башким Хасани, заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Драган Николиќ, генералите во Армијата, претставници од кабинетот на Претседателот, од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, поранешни команданти и команданти на потчинетите единици.
Командата за операции е најголема команда на оперативно рамниште чија мисија е подготвка на конвенционалните копнени и воздухопловни сили на Армијата за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на државата. Со декларираните сили учествува во операции за поддршка на мирот со што придонесува во заштита на пошироките интереси на Република Северна Македонија.
Првата пешадиска бригада е најголема единица во Армијата, која е препознатлива по досегашните стекнати искуства во мировните операции, големиот број на вежбовни активности, високите резултати од НАТО-оценувањата на единиците од нејзиниот состав, справувањето со предизвиците од миграциската криза и асистенција на институциите во справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана, 751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана.
Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот. Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога.
Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
За истото кривично дело се осомничени уште 3 лица, кои меѓусебно препродавале наркотична дрога марихуана во непосредна близина на плантажи со лозје во Јосифово. На 21 јануари едниот осомничен продал 679,97 грама марихуана на вториот осомничен, а тој потоа неовластено ја држел во штала.
Следниот ден дрогата ја однел кај третото лице во селото Пирава, кое требало да ја препакува и да посредува во купопродажбата на марихуаната на крајни корисници – зависници. При претресите полициски службеници ја пронашле дрогата, како и уште дополнителни 65,13 грама марихуана, 110 семки кои потекнуваат од растението канабис и вага со остатоци од наркотична дрога.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени дилери.
Македонија
Комисијата за одбрана и безбедност со претставници на Израел: нагласена важноста на соработката за зајакнување на националната и регионалната безбедност
Комисијата за одбрана и безбедност денеска одржа работна средба со претставник на Министерството за одбрана, Елај Калиф, и амбасадорката Вивиен Аисен на Државата Израел, на која се дискутираше за соработката во областа на одбраната и безбедноста. Посебен акцент беше ставен на соработката во рамките на НАТО, како и на размената на искуства и добри практики од областа на одбраната.
Претставникот на Министерството за одбрана на Државата Израел ги презентираше глобалните безбедносни тенденции кои влијаат врз Израел, како и можностите за соработка со земјите од Балканот и Балтикот. Во тој контекст, беше истакната потребата од започнување структуриран дијалог во областа на одбраната и безбедносната поддршка.
Претседателот на Комисијата, Павле Арсоски, ја нагласи претходната соработка со Центарот за обука на пилоти, посочувајќи ги придобивките и значењето на оваа соработка за унапредување на одбранбените капацитети.
Пратениците, во своите излагања, ја потенцираа суштинската важност на соработката со Државата Израел во областа на одбраната, како значаен елемент за зајакнување на националната и регионалната безбедност и стабилноста на Балканот.
Македонија
Појава на магла на Стража, државните патишта проодни и безбедни за сообраќај
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража.
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, соопшти АМСМ.
Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

