Македонија
Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, во останатите делови врнежите се од дожд
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија,додека во останатите делови врнежите се од дожд.
„Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – П.Шапка , а за останатите возила задолжително користење зимска опрема ( ланци )“, соопштија од АМСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Албанците во оваа земја се оставени на милост и немилост на судбината, велат од ДУИ
„Тешките настани што се случија синоќа во Куманово, каде што неколку автомобили и една продавница на Албанци беа запалени, претставуваат горчлив доказ за духот на омраза и меѓуетнички поделби. Ова веќе не е само неодговорност или неуспех – ова е опасна криза која се влошува секој ден“, велат од ДУИ.
„Кога институциите не можат да ја гарантираат безбедноста на своите граѓани и кога молчат пред ваквите дела на омраза, пораката што се испраќа е јасна: Албанците во оваа земја се оставени на милост и немилост на судбината. Овој пристап не е само дискриминаторски, туку и длабоко дестабилизирачки за целото општество.
Демократската унија за интеграција повикува на итна интервенција од меѓународната заедница. Само меѓународен притисок може да ја запре оваа опасна спирала на насилство и омраза, која ја загрозува мирот и стабилноста во земјата.
Бараме овие напади веднаш да се истражат и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Секој ден одложување е покана за оние што шират омраза да продолжат со своите срамни дела. Албанците нема повеќе да молчат пред оваа неправда, и ќе ги искористат сите демократски средства за да ги заштитат правата и достоинството на своите граѓани.
Демократската унија за интеграција ќе продолжи да биде гласот на Албанците и заштитник на мирот и стабилноста во оваа земја. Но, очигледно, оваа борба за правда и еднаквост не може да продолжи сама. Меѓународната заедница мора да реагира сега, пред оваа омраза да добие уште поопасни димензии“, соопшти ДУИ.
Македонија
Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен Началник на Генералштабот на Армијата
По кратко боледување, вчера, на 74-годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата.
Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица. Завршил гимназија во 1969 година, а потоа своето образование го продолжил на Воената академија на Копнената војска на ЈНА и истата ја завршил во 1973 година. Командно-штабна академија завршил како припадник на АРМ во 1995 година, а највисокиот степен на воено образование Школо за национална одбрана завршил во Франција, во 2001 година.
Генералот Бојаџиев во текот на неговата воена кариера, до неговото пензионирање во 2005 година, извршувал повеќе високи должности во Армијата, како командант на моторизирана бригада, командант на дивизија, началник на управата за операции, готовност и обука во Генералштабот, командант на гранична бригада, а во период од 2004 до 2005 година и највисоката должност началник на Генералштабот на Армијата.
Во текот на својата кариера повеќе пати добивал награди и признанија како заслуга за својата беспрекорна посветеност и залагање во армиската служба, пред сè во унапредувањето и усовршувањето на Армијата и армиските процеси, меѓу кои е одликуван и со Медал за воени заслуги и Орден за воени заслуги со сребрени мечеви.
Генералот Ѓорѓи Бојаџиев ќе биде погребан со воени почести денес на Градските гробишта во Штип во 14 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13.00 до 14.00 часот.
Македонија
Во Маврови Анови 61 сантиметар снег, најстудено утрово на Попова Шапка
Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -3 степени, во Маврови Анови -2, -1 Крушево, 0 Берово, 1 Претор, Дебар, 2 Охрид, Крива Паланка, 3 Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, 4 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје-Петровец, Штип, Виница 5 Струмица, Велес, Демир Капија, 7 Гевгелија.
Како што извести Управата за хидрометеоролошки работи висината на снежната покривка била најголема во Маврови Анови – 61 сантиметар, 48 сантиметри на Попова Шапка, 35 во Крушево, 21 во Лазарополе, 5 во Дебар, 4 во Претор, 3 во Берово.
Преку ноќта имаше врнежи од дожд на североистокот и на југот од земјата, а утринава врнежите се престанати и само во Струмица има појава на слаб дожд. Преовладува претежно облачно време.
Времето денеска ќе биде наутро облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.