Македонија
Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/50431949131_78b887e7bc_c.jpg)
Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска од коалицијата „Можеме“.
Верификацијата ја потврдија 83 пратеници кои гласаа по предлогот на комисијата за мандатно-имунитетни прашања. Собранискиот спикер Талат Џафери им го честита мандатот на новите пратеници и ги повика да седнат на пратеничките столови.
Овие пратеници доаѓаат на местата на пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам Реџепи од ДУИ и Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од СДСМ, кои поднесоа оставки од пратеничките функции. Никој од пратениците кои поднеса оставки не ги образложи причините пред Парламентот. Претходно оставките ги верифицираше Собранието, а имињата на новите пратеници ги достави Државната изборна комисија по барање на претседателот на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
ДУИ Чаир: Стоп на урбанистичкиот хаос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/chair-mladina.jpg)
Младината на ДУИ Чаир изрази загриженост, сигнализирајќи дека во општината се случува урбанистички хаосво последните години.
Оваа општина, денес, се претвора во џунгла од бетон, каде што без дозвола се градат објекти на секој агол, без никаков план, без никакви стандарди и без одговорност од страна на локалните власти, се наведува.
„Ова е злосторство против општината и против граѓаните, кои секој ден се соочуваат со оштетени улици, парализиран сообраќај и недостиг на јавни простори. Чаир се руши од градби без критериуми, додека властите во општината профитираат. Улиците се распаѓаат, инфраструктурата е во колапс, а граѓаните имаат се помалку простори за живот со достојност. Никој веќе не знае кој дава дозволи, кој гради и кој добива од овој организиран хаос. Но, едно е јасно: граѓаните се жртви, додека власта и нејзините корисници се добитници“, велат од младината од ДУИ.
Прашаа кој е одговорен за издавањето на дозволите за градба што го претвораат Чаир во зона од неуредено бетонско постројство. Бараат и транспарентност за секоја дозвола за градба издадена во последните години, како и итно прекинување на сите незаконски градби.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста досега не слушна ниту една конструктивна сугестија од СДС за Концепцијата за гимназиско образование
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/srednoskolci-1.jpg)
Седум години СДС го урнисуваше образованието и најголемо „достигнување“ им е дното на ПИСА и ТИМСС. Покажаа дека немаат капацитет да креираат политики и да го подобрат квалитетот на образовниот систем, а и сега покажуваат некадарност за да дадат предлози и сугестии со кои ќе помогнат да се усвои Концепција со која потонатиот македонски образовен систем ќе го извадиме од длабокото, реагира ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на СДСМ.
„Пред да зборуваат за укинување на „Претприемништво“ како предмет и да бараат виновник, требало да знаат дека токму нивната министерка Мила Царовска го укина претприемништвото во основното образование, а кога пак, предметот се воведуваше во средно образование, тие беа против. Ова доволно говори за неконзистентноста на нивните ставови и за неискреноста кој граѓаните.
Јавноста треба да знае дека Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ се заложува за воведување на повеќе изборни содржини во гимназиското образование, вклучително и предмети преку кои се изучува претприемништвото како компетенција. Воведуваме предмети кои се од интерес на децата и тие ќе можат да ги одбираат согласно личните афинитети за продолжување на едукацијата во соодветна насока и за реализација на професионален план. Така што, за претприемништво ќе се учи и во гимназиското образование.
Потсетуваме дека за изработка на Концепцијата за гимназиско образование има време цела календарска година. Станува збор за предлог документ, кој по завршување на јавната дебата во која СДС одбива да учествува и наместо тоа пробува да манипулира, да опструира и размислува за организирање протести, ќе биде проследен до Собранието на пратеничка расправа и конечно усвојување.
Помина времето во кое СДС и ДУИ носеа одлуки со декрет, насилно и без консултации со граѓаните. ВМРО – ДПМНЕ го слуша нивниот глас и ниту една политика не се креира и нема да биде креирана без учество на пошироката јавност.
Го повикуваме и СДС да даде конструктивни сугестии за унапредување на содржината на предлог Концепцијата за гимназиско образование. Тоа е всушност и целта на јавната дебата која е во тек и преку која Министерството за образование и наука го слуша мислењето на сите засегнати чинители и стручната јавност. Досега од оваа политичка партија не е даден ниту еден конструктивен предлог“, се вели во реакцијата.
Македонија
(Видео) Tрајковски: Концепцијата за гимназиско образование укинува предмети за претприемништво-важни за младите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/14-2.jpg)
Предлог Концепцијата за средно гимназиско образование изработена од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а упорно бранета од страна на Министерката Весна Јаневска е несоодветна и штетна за образовниот процес, изјави на прес-конференција, Петре Трајковски, член на Комисија за образование и наука на СДСМ.
Тој вели дека покрај укинувањето на предметите за кои веќе имаше бурни реакции во јавноста од стручната фела, со предлог Концепцијата, Јаневска предвидува укинување и на задолжителниот предмет ,,Бизнис и претприемништво” во IV година и два предмети во изборното подрачје ОХА ,,Економија” и ,,Менаџмет”.
На сметка на овие предмети, вели Трајковски, се воведува еден наставен предмет Економија и Бизнис и тоа само како изборен.
„Како дел од Стратегијата за образование 2018-2025 претприемничкото образование и претприемничкото учење беа едни од клучните стратешки цели на кои требаше да подлежи нашиот образовен систем. Преку нив учениците стекнуваат компетенции кои им се потребни за пазарот на трудот. Глобализацијата и брзиот технолошки развој доведоа до потреба од наставни предмети кои ќе ги подготват учениците за следење на овие текови. Со ваквиот предлог во концепцијата тоа сега се руши“, рече Трајковски.
Како што додаде, вака како што се предлага, нема да може да се исполнат стратешките цели и да се подготват учениците за пазарот на трудот поттикнувајќи ја нивната иновативност и претприемнички дух.