Македонија
Собранието подготвено за уставните измени, но нема добиено амандмани: роковите течат откога ќе дојдат материјалите
Собранието уште ги нема добиено амандманите за измените на Уставот и вметнување на Бугарите. Владата треба да ги испрати како овластен предлагач, а собранискиот спикер Талат Џафери рече дека откога ќе стигнат кај него, тогаш почнуваат да течат роковите.
„Собранието е подготвено во секој момент откога ќе постапат надлежните институции, односно овластените предлагачи, ние сме подготвени да постапиме во согласност со процедурите и роковите предвидени во Деловникот“, рече Џафери.
На дилемата дека тешко тие ќе стигнат до август, Џафери додаде: „Не е проблем дали ќе дојдат до август или кога ќе дојде, прашањето е кога ќе добиеме материјал. Не зависи од тоа дали ќе биде јули или август, септември. Роковите течат откога ќе дојдат материјалите“.
Објасни и за времетраењето на првата фази за измените.
„Во првата фаза, од приемот до седницата, мора да поминат 30 дена. И на самата седница 10 дена трае дебатата“, објасни Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

