Македонија
Собранието со закон забрани здруженија да носат фашистички имиња
Со 67 гласа „за“ на пратениците од сите партии Собранието ги донесе измените на Законот за здруженијата и фондациите.
Со законот се забранува основање и упис на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.
Оваа забрана не се однесува само на називот на партијата, туку и на нејзиниот статут.
Измените на законот беа предложени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. По гласањето, пратеничката Рашела Мизрахи изјави дека е чудно што таканаречениот либерален закон за здруженија и фондации пред овие измени во целокупното минато на независна и суверена Република Македонија не дозволи отворање таканаречени културни клубови со имиња на контроверзни личности и фашисти.
„Се чини дека договорот за добрососедство, всушност, претставува основа за негирање, искривоколчување и ревидирање на историските вистини. Па, така, денес, со еден мал навидум незначителен закон се штитат антифашистичкото минато на Македонија и историската вистина за нас“, рече Мизрахи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.
Македонија
(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден
По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.







Македонија
Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ЗаеФче, кое не знаете дали е опозиција во Македонија или во Србија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани. Но опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ.
Кога алчноста и потпросечноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче, резултатот на таквата симбиоза е ЗаеФче. Ова ЗаеФче на политичката сцена ја води СДС кон сигурно исчезнување и пасокизација, што е избор со кој ние не сме среќни, но е пат кој тие самите го одбрале. Кога оваа нова политичка симбиоза ЗаеФче се појавува на општествената сцена во Македонија, СДС ја направи маса и послужавник на услуга на сите сили кои сакаат да се послужат со партијата за свои лични интереси.
Венко со златна виза од Дубаи, бизниси и сметки во Бугарија и политички ментори од Србија, со старател Заев, не може да биде иднина на оваа држава“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

