Македонија
Собранието: Пратениците работат, откажани се само пленарните седници, комисиите и неколку други настани

Од Собранието денеска се јавија со реакција по повод реакциите во јавноста за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела.
„Сакаме да појасниме дека Собранието на Северна Македонија и пратениците работеа и продолжуваат да работат. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите.
Сепак, работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа.
Пратениците се активни и посветени на законодавните процеси. Секоја изјава со која се претпоставува дека паузираат е неосновано обвинување кое претставува тенденција за манипулирање со мислењето и нарушување на угледот на Собранието и народните избраници“, велат од собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се запали цистерна која превезувала нафта на патот Гевгелија – Богданци: излетала од патот

Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, информира тој.
Појасни дека патот Гевгелија-Богданци е затворен за сообраќај.
Македонија
ЈП Паркинзи на Општина Центар потпиша договор за сертификација на два меѓународни ISO стандарди: за поголем квалитет на услугите и грижа за околината

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денес официјално потпиша договор за сертификација на два светски признаени ISO стандарди, со што, како што е соопштено, започнува ново поглавје во унапредување на квалитетот на услугите и грижата за животната средина.
„Стандардите кои ќе бидат имплементирани се:
• ISO 9001 – меѓународен стандард за управување со квалитет, насочен кон подобрување на процесите и зголемување на задоволството на корисниците.
• ISO 14001 – меѓународен стандард за системи за управување со животната средина и одржливо работење“.
Според информацијата, ова е првпат претпријатието да добие ISO сертификација, со што дополнително се унапредуваат процесите според меѓународните стандарди.
„Со воведување на ISO стандардите поставуваме нови критериуми за транспарентно и одговорно работење, а со цел граѓаните да добијат побрза, поефикасна и поквалитетна услуга,“ истакна директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски.
Тој додаде: „ Истовремено, ISO 14001 е потврда дека нашата мисија не е само паркирањето, туку и грижата за почиста и поздрава животна средина во општината Центар и во градот. Со оваа имплементација правиме чекор поблиску кон европските стандарди и покажуваме дека и јавно претпријатие може да биде пример за модерно и одржливо управување.“
Македонија
Параглајдинг-несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба „Охрид“ извести дека вчера, околу 18.30 часот, добила повик од група параглајдеристи, кои летале од падините на Галичица.
Тие пријавиле дека нивниот пријател, државјанин на Германија, од засега непознати причини доживеал тежок пад од поголема височина на исклучително непристапен и карпест терен.
„За голема среќа, тројца спасители на ПСС во тој момент престојуваа во планинарската куќа ‘Спиридон’, каде што е лоцирана и спасителната станица на ПСС, опремена со специјализирана техничка опрема за интервенции во овој регион. Веднаш по дојавата, екипата за 15 минути стигна до местото на несреќата, изврши имобилизација на повредениот и почна комплексен транспорт по стрмен и тежок терен. Дополнителна отежнувачка околност беа и ноќните услови во кои се одвиваше целата акција.
По повеќе од еден час напорна интервенција, во 20.20 часот, повредениот беше безбедно спуштен до асфалтниот пат кај превојот Баба, каде што беше предаден на екипа на Итната медицинска помош од Охрид. Од таму тој веднаш беше пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде што, за жал, му беа констатирани фрактури на пет прешлени во долниот дел на ‘рбетот“, велат од Планинската спасителна служба.