Македонија
(Видео) Собраниската комисија препорача да му се одземе имунитетот на Груевски
Да му се одземе имунитетот на пратеникот Никола Груевски, препорача едногласно Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратениците поединечно гласаа за сите шест барања за притвор кои стигнале од кривичниот суд до Собранието.
,,Зборувам како пратеник, разочаран сум што нашиот систем не го обезбеди осудениот Груевски на издржување казна затвор. Апелирам, мора да се спроведе темелна истрага каде системот потфрлил, но ова искуство мора да биде и лекција да ги коригираме системските ситуации за вакви контрадикторности. Ние ќе расправаме за овие точки, но контрадикторно е што човекот во бегство уште има мандат на пратеник, а ние расправаме за одземање имунитет да може да се притвори”, рече Павле Богоевски од СДСМ.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.
Заклучокот ќе биде доставен до претседателот на Собранието, кој ќе го стави на дневен ред на следна седница. За одземањето имунитет на пратеник се потребни 61 глас ,,за”.
Претходно, пратениците се обидоа да му го одземат и пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски, но не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство. По бегството на Груевски, претседателот на Собранието во координација со пратеничките групи одлучи по шест месеци неоправдано отсуство да се обидат уште еднаш да му го одземат мандатот. Дотогаш Груевски ќе зема намалена пратеничка плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

