Македонија
Собраниска делегација на интерпарламентарна конференција во Белград
Во рамките на интерпарламентарната конференција, во организација на Европскиот парламент и во соработка со Народното собрание на Република Србија, денеска во Белград ќе се одржи семинар на тема: „Инструмент за претпристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи“.
На конференцијата ќе учествува делегација од Собранието на Република Македонија од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа пратениците: Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили и Панче Минов.
Интерпарламентарната конференција се очекува да биде отворена од Ненад Чанак, претседател на Комисијата за европска интеграција од Народното собрание на Република Србија, и Чеслав Сиекиерски, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комисијата за земјоделство.
Обраќање се очекува да имаат г-ѓа Маја Гојковиќ, претседател на Народното собрание на Република Србија; г-ѓа Јадранка Јоксимовиќ, министер за европски интеграции; Бранислав Недомовиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Едуард Кукан, пратеник во Европскиот парламент и член на Комисијата за надворешни работи.
На претстојната интерпарламентарна конференција се очекува учество на Зоран Јанјатовиќ, помошник-министер за секторот за рурален развој; Бобан Илиќ, генерален секретар за рурален развој и животна средина за Југоисточна Европа, и професор Наталија Богданов од Факултетот за земјоделство во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Локацијата на ГОБ„8 Септември“ на Мицкоски му делува како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експерите да кажат
Премиерот Христијан Мицкоски чека да завшрат локалните избори за да распише повик за финансиски институции кои ќе понудат кредити за болницитe во Штип, Тетово и Кичево, а веднаш потоа, како следен чекор, најави дека со партнерите од Обединетото кралство ќе работат на нов клинички центар во Скопје. Локацијата на Градска општа болница „8 Септември“ според премиерот е одлична за нов клинички центар.
„Чекор по чекор. Сега прво да завршат локалниве избори па да се распише јавен повик за финансиски институции за болниците кои што се поврзани со договорот влада со влада со Обединетото кралство. Тоа да заживее па следно е големиот клинички центар. Инаку навистина делува овдека како одлична можност, одлична локација три булевари, гасна поврзаност, сообраќајна поврзаност така што ајде да видиме, да оставиме експертите да си го кажат своето мислење“, рече премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарски прашања по постеата на болницата „8 Септември“ во која почна да функционира хибербарна комора за третман на хронични рани, дијабетично стапало, изгореници како и поддршка за пациенти од платична хирургија, пулмологија, а ќе функционира и како поддршка за спортисти.
Премиерот Мицкоски ги повика експерите и Министерството за здравство да направат анализи за новио клинички центар во Скопје, за потоа Владат да изеле со конкретен став.
Македонија
Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е кратко и времето за да се оцени работата на Владата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкoски при посетата на ГОБ “8-ми Септември” одговори на новинарско прашање во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека Владата работи катастрофално и кажа, дека изјавите на Филипче се контрадикторни и какафонични бидејќи Филипче дава свој суд за работата на Владата, а за истиот тој период не ја оценува својата работа како претседател на СДСМ и вели дека тоа време е прекратко.
„Па добро, сега Венко Филипче е претседател на сеуште најголемата опозициска партија во Македонија, тој, нормално да ја оценува така Владата бидејќи мисли дека на тој начин ќе добие поддршка во своето гласачко тело и кај граѓаните. Тој ја оценува Владата за својата работа за година и половина нецели еве во декември ќе биде одкако е избрана и тука дава свој суд, но затоа пак никогаш не дава свој суд за своето претседателствување за истиот период во СДСМ. Ако за тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за истиот период како таа работи. Мислам изјавите се какафонични и една со друга контрадикторни, не мислам дека тоа е правата порака којашто треба СДСМ да ја испраќа но добро, тоа си е нивна работа тие знаат како најдобро како треба“ нагласи Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД
Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко.
„Тоа се портали, кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, кој сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ја поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам, сега, за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат оваа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многупати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете, оставам на тој начин да прават и креираат сензација, инаку апсолутно е неточно“, вели Мицкоски.

