Македонија
Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер го посетила Скопје
Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари го посетила Скопје, пренесува бугарската телевизија БНТ.
Чернева, како што пишува медиумот, била во Скопје по наредба на Петков. Според написите, целта била подготовка за претстојната средба на Кирил Петков во Скопје овој месец.
Кирил Петков, јавува БНТ, најавил дека по објавувањето на официјалниот состав на владиниот кабинет во Скопје, тој ќе се сретне со новиот премиер Димитар Ковачевски, кој го наследува Зоран Заев.
Во меѓувреме, организации на Бугарите од Република Северна Македонија испратија писмо до сите бугарски институции вклучени во преговорите со Скопје, информира бугарскиот медиум.
За време на посетата на претседателот претходно оваа година, организациите, според новинарските извештаи, го поддржале одбивањето на Бугарија да каже „да“ за почеток на преговорите за РСМ со Европската Унија и инсистирале на помош од претседателот и земјата за почитување на нивните права во Република Северна Македонија.
На 10 јануари претседателот Румен Радев го свика Советодавниот совет за национална безбедност за ова прашање за да разговара за рамката за односите со Скопје, анализира медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

