Македонија
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Мерните станици покажуваат 2-3 пати поголема загаденост
„Мерните станици во Скопје покажуваат зголемена загаденост на воздухот и до 2-3 пати над дозволеното. Грејната сезона само што почна, зимата е пред нас, а Скопје тоне во загаден воздух. И додека скопјани се задушуваат, Петре Шилегов не прави ништо да го промени тоа. Нема инвестиции во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, нема инвестиции за намалување на загадувањето“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Според нив, поминаа три години откако Шилегов стоеше до Заев додека тој викаше „Ајро, ајро“ и ветуваше чист воздух веднаш, но еве и по три години, ништо не е сменето, напротив, загаденоста на воздухот е поголема од кога и да било претходно.
„Со Шилегов не добивме чист воздух, со Шилегов добивме загаден воздух и многу фрлени пари на тендери и сомнителни набавки, а ниту едно дени за подобрување на квалитетот на воздухот. Скопје памети и не заборава. Следува казна за труењето“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

