Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Само што се асфалтираше Васил Ѓоргов, повторно се раскопа
„Едно од ветувањата на градоначалникот Петре Шилегов беше дека планирано ќе градел. Епилогот на сето тоа е изгребана улица Васил Ѓоргов, асфалтирана и веднаш потоа повторно раскопана. Уште нестврднат асфалтот, скопјани повторно возат по раскопани улици“, соопшти советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Според нив, самиот Шилегов ветуваше дека ќе бидат забранети прекопувања, а сега тој ја прекопува Васил Ѓоргов.
„Нивите на Шилегов направени среде Скопје покажуваат дека не си ги почитува и сопствените ветувања и дека неговата работа се сведува на популистичко асфалтирање и прекопување без нови и крупни проекти.Трета година Шилегов ја замајува јавноста со проекти кои никако да ги почне. Три години нема ниту еден капитален проект за Скопје, ниту еден новоизграден булевар или ново сообраќајно решение, туку шминкерско гребење на асфалт.Скопје нема градоначалник, туку популист“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.

