Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег

Градот Скопје е блокиран и непрооден при првиот снег. За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег, прашаа од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Неспособноста на Шилегов се покажа при првиот снег. Само за лани и пред две години потрошени се еден милион евра за наводно чистење на снег кој не падна, а сега Скопје е блокирано. 64.900.000,00 денари или над 1 милион евра е договорот кој Петре Шилегов го склучи со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за 2019-2020 година.
Шилегов освен неосновната ароганција и заразна неспособност не покажува никакви други резултати. Во нормална држава Шилегов кривично ќе одговара за потрошените пари чии резултат е еднаков на нула. Снегот ги покри дивите депонии во Скопје но не и неспособноста на Шилегов“ порача советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции преку алатката „Пријавете неправилност“, достапна на веб-страницата на Министерството за здравство.
„Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност и постапуваме во согласност со законските процедури. Токму затоа потсетувам дека преку оваа алатка на веб-страницата на Министерството граѓаните може да пријават и сознанија за евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствениот систем, а наш приоритет се здравјето и безбедноста на пациентите“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето е доверливо и по секоја пријава се постапува во согласност со законските процедури.
Потсетуваме дека веќе почна со работа интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат најбргу што доставени до стручната комисија составена од странски експерти.
Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.
Македонија
Шалтерите за наплата во „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат од 7.30 до 15.30 часот

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците дека утре, четврток, по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 15:30 часот.
В петок, 29.08.2025 година, се продолжува со редовно работно време.
Македонија
(Фото) Нови и зајакнати услови за идните ИТ-таленти од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром доби нов, целосно опремен кабинет по информатика со поддршка од Државниот завод за статистика.
„Ова училиште беше избрано за ваква поддршка поради континуираните успеси на учениците, кои во изминатите години имаат освоено бројни државни и светски награди по информатика и математика“, велат од Општината.
На свеченото примопредавање на кабинетот присуствуваа в. д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.
„Општина Аеродром и училиштето упатуваат голема благодарност до Државниот завод за статистика за препознавањето и поддршката, кои претставуваат значаен поттик за учениците и наставниците во нивната посветеност кон знаењето, иновациите и новите технологии“, се додава во соопштението на Општината.