Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: И шалтерите на ЈП Водовод стануваат нов корона кластер
За жал Градот Скопје е најпогоден од корона вирусот. Покрај тоа што автобускиот превоз на ЈСП преставува главен корона кластер, тоа од скоро ќе бидат и шалтерите на наплата на ЈП Водовод, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.
„Имено со одлука на управниот одбор на ЈП Водовод и поддршка на директорот Душко Весовски токму во моментите на најголема зараза со корона спроведуваат акција за наплата на заостанатите долгови за вода. Притоа заостанатите долгови мораат да се подмирен во исклучително тесен период од 2.11 до 15.12 односно за помалку од месец и половина. Тоа значи гужва на шалтерите на Водовод каде поради мерките за заштита и превенција од корона моментално има по еден сменски работник“, велат советниците.
Свесно или не, додаваат тие, во трка по профит Водовод на Петре Шилегов ќе стане нов корона кластер во градот Скопје.
„Во исто време додека Весовски и Шилегов собираат арач од граѓаните и ги втурнуваат во опасност од корона, се слеваат стотици илјади евра за интелектуални и адвокатски услуги за адвокати и бироа на власта, а ЈП Водовод станува дувло на партиски вработувања“, обвинија советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

