Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да даде оставка поради неспособност да го реши проблемот со загадениот воздух

На неспобноста на власта на СДСМ, Заев и Шилегов ѝ нема крај. Не само што се неспобни да се справат со корона-пандемијата, не се способни да се справат и со загадениот воздух, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
„Скопје и понатаму руши рекорди по загадениот воздух, а ниту Шилегов ниту на кој било од власта не му е важно тоа. Скопје се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот. Главниот град е рамо до рамо со градовите во Индија, Пакистан, Индонезија и Кина.
Шилегов да си даде оставка поради неспособност да менаџира со клучниот проблем на Скопје.
Пред само половина час во Ново Лисиче се измерени над 400 ПМ10-честички на метар кубен, а нивото на ПМ10-честички е над дозволено и во останати градови ширум целата држава. На граѓаните име доста од празните флоскули и неработата на оваа неспобна влада. Нивното неработење граѓаните го плаќаат со своето здравје. За ова следи одговорност“ .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).