Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да одговори дали новата градска куќа ја продава за да ја земе старата зграда на ЕСМ
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го повикува Шилегов да не се крие и да одговори за најновиот скандал со бонбона бизнисот за продажба на градската куќа.
,,Тоа што крадоначалникот Шилегов 5 дена молчи за новата бонбона бизнис зад која стои раскрчмувањето на новата градска куќа и имотот на скопјани е показател дека е во прашање сомнеж за корупција и криминал.Како на филмска лента ни се случува грабеж на скопјани зад кој стојат лични лукративни интереси.Шилегов треба да одговори дали новата градска куќа ја продава за да ја земе неколку децении старата зграда на некогашното ЕСМ?
Дали ако и ова се утврди за точно, Шилегов е подготвен да сноси политичка одговорност?
Да каже зошто ја лажеше јавноста дека нема да ја продава градската куќа и врши итна продажба?Зошто Шилегов не објасни што вистински стои зад неговата одлука новиот купувач да го части освен со градска куќа по багателна цена, туку и со бесплатно земјиште и нула комуналии кон државата.Дали фактот што однапред се знае кој ќе ја купи зградата и која зделка ќе ја направи Шилегов не говори дека во прашање е криминал?
Како што лажеше дека нема да ја продава новата градска куќа, сега лаже дека вистинските причини за продажбата се просторните услови. Во позадина стојат провизии, сомнежи за криминал и оштетување на граѓаните.2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

