Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Љубица Јанчева да се повлече од функцијата
Претседателката на советот на Општина Центар, Јана Белчева, се повлече од функцијата поради тоа што не сака да биде послушник и слеп аминувач на одлуките на советот на општина Центар. Кога веќе тоа се случи следен на ваков потег треба да биде претседателката на советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, која брутално, недвосмислено и свесно ги крши процедурите на работа на градскиот совет, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Тие јавно ја повикуваат Љубица Јанчева да се повлече од функцијата претседателка на советот бидејќи во својата безмалку тригодишна работа грубо ги крши процедурите и претставува слеп послушник на погрешните политики на Петре Шилегов.
„Таа дојде на оваа позиција во исто време додека нејзиниот сопруг е генерален секретар на Државната изборна комисија кој ги брои гласовите на граѓаните. Јанчева свикува вонредни седници на кои треба да поминат годишни планови на јавни претпријатија за кои не сака да се дискутира во јавноста. Далеку од очите на јавноста, турка вонредни седници и без исполнети критериуми по скратена постапка става точки за гласање на дневен ред. Таа претставува продолжение на едноумието и шарлатанството на Петре Шилегов и негов слуга, наместо заштитник на интересите на скопјани. Воедно нејзината улога во гушење на демократијата и дебатата во Советот е најистакнато по тоа на Петре Шилегов. Таа е слеп аминувач и на сомнителните зделки за криминал на Шилегов. Советот на Град Скопје на чело со Јанчева, исто како и Шилегов, за првпат од поновата историја не го одбележа 4 мај, погибието на народниот херој Гоце Делчев. Овој тандем е срам за градот Скопје и затоа Љубица Јанчева исто како и Шилегов за доброто на градот потребно е да си поднесат оставки“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

