Македонија
Советот на Град Скопје одржува седници на отворено
Советот на Град Скопје денеска одржува седници на отворено, на просторот пред салата на Советот на Град Скопје, во време на вонредната состојба во државава поради пандемијата со коронавирусот.
На 50. редовна седница советниците ги разгледуваа предлог-годишната сметка на буџетот на Град Скопје за 2019 година и годишниот извештај на Град Скопје за 2019 година. На 6. вонредна седница ќе се расправа за економските мерки што ги презема Градот, кој е најголема движечка сила во македонската економија, за ублажување на економските последици од настанатата состојба. Во Скопје се остварува и најголемиот дел од домашниот бруто-производ, во него се и најголемиот број работни места, како и најголемиот дел од инвестициите во земјата.
Советот на Град Скопје на 11.2.2020 година го усвои извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година, а минатата година остварени се вкупни приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од 87,2 отсто во однос на планот за 2019 година.
Град Скопје во изминатиот период, освен што посветено работеше на подобрување на сервисните услуги за граѓаните, напорно работеше на капитални проекти и нивна реализација инвестирајќи истовремено во повеќе области што ги покрива во согласност со надлежностите. Сепак, Град Скопје со своето домаќинско работење има буџет на стабилни нозе и може да ги исполни своите цели, па, така, во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата на коронавирусот, ќе се откаже од дел од средствата од најголемите приходни ставки, како: комуналиите, коминалните такси, закупот на јавен простор и други давачки.
„Поради поврзаноста на овие две точки, кои го прикажуваат финансиското работење на Град Скопје за 2019 година, моето излагање ќе се однесува за двете заедно. Воедно, сакам да напоменам дека ќе бидам многу кус со оглед на комплексноста на целокупната ситуација во државата, од една страна, како и земајќи го предвид фактот дека овие податоци веќе беа разгледувани преку извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година, од друга. Имено, годишната сметка ги содржи сите елементи што ги содржи и буџетот на Град Скопје искажани како планирани и остварени приходи и расходи за сите сметки со кои располага Град Скопје, како и за сите општински буџетски корисници“, рече Шилегов.
Тој додаде дека годишната сметка се состои од општ дел, кој содржи податоци за планираното и оствареното по групи на приходи и расходи. Покрај овие податоци, општиот дел содржи и податоци за тоа дали Општината остварила дефицит или суфицит во буџетот, односно дали Општината се јавува како корисник на кредитно задолжување, што би значело дефицит во приходите или, пак, врши отплата на главнина од претходно задолжување, што се третира како намалување на дефицитот на Општината.
„Во годишната сметка на Град Скопје за 2019 година, Градот има остварено повеќе тековни приходи, како и извршено отплата на главнина според постојното задолжување и притоа прикажуваме суфицит во износ од 528.010.827 денари. Исто така, Град Скопје нема ново задолжување во 2019 година ниту, пак, користи дел од средствата што биле префрлени како непотрошени од 2018 година, напротив, имаме кумулирано дополнителен вишок приходи во износ од 364.424.419 денари. Воедно, Град Скопје има извршено отплата на главница во износ од 163.586.408 денари“, рече Шилегов.
Во неговото излагање пред советниците тој рече дека во посебниот дел од завршната сметка се прикажани планираните приходи и други приливи по видови и групи и соодветно на нив планираните и реализираните расходи. Билансот на приходите и расходите во годишната сметка содржат одделни податоци за остварувањето во основниот буџет, буџетот на самофинансирачки активности, дотациите, донациите и задолжувањата, односно кредитите. Салдата на поединечните сметки, кои се јавуваат како непотрошени средства на крајот на фискалната 2019 година се пренесуваат во буџетот на Општината за наредната година како непотрошени средства.
„Според изложеното, само би го споменал остварувањето на приходите и расходите по поединечни буџети, и тоа: за 2019 година во вкупниот буџет на Град Скопје вкупните приходи и други приливи остварени се во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од 87,2 отсто во однос на планот за 2019 година, или според поединечни буџети е следното: основен буџет – 3,9 милијарди денари (88,5 отсто); буџет на дотации – 1,6 милијарда денари (95,2 отсто); буџет на самофинансирачки активности – 153 милиони денари (50 отсто); и буџет на донации – 49 милиони денари или 34 отсто остварување. Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за 2019 година извршени се во вкупен износ од 5,3 милијарди денари, што претставува процентуално извршување од 82 отсто во однос на планираните расходи и одливи за 2019 година. Во однос на поединечни буџети, реализацијата на расходите е следна: основен буџет – 3,6 милијарди денари (81 отсто); буџет на дотации – 1,6 милијарда денари (93,3 отсто); буџет на самофинансирачки активности – 153,6 милиони денари (50 отсто); и буџет на донации – 49,5 милиони денари (34 отсто)“, изјави Шилегов.
Во однос на годишниот извештај тој спомена дека тој е составен од годишна сметка, извештај за реализацијата на капиталните инвестиции во Град Скопје, извештај за средствата, побарувањата, обврските и изворите на средства и нивната вредност, годишен извештај за трошење на резервите, извештај од одговорниот сметководител, со кој се потврдува точноста и веродостојноста на годишната сметка.
„Со предложување на овие два документи на вас како советници, што всушност е наша законска обврска, ја затвораме 2019 година и сега како никогаш порано, потребно е сите ние да ги вложиме нашите напори и ресурси и максимално да се насочиме кон 2020 година за која сме свесни дека ќе биде тешка и неизвесна за сите нас. Ни претстои борба како на општествен така и на економски план, но мислам дека со заеднички сили ќе го надминеме и овој сериозен предизвик“, нагласи Шилегов во своето обраќање пред советниците.
Советот на Град Скопје на денешните седници, 50. редовна и 6. вонредна, ги разгледаа и предложените годишни финансиски извештаи на јавните претпријатија на Град Скопје, на средните училишта на Град Скопје, на културните институции, годишниот извештај за работата на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на град Скопје за 2019 година, како и други точки што беа на дневниот ред за работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

