Македонија
СОНК го стави генералниот штрајк во мирување
СОНК соопшти дека го става генералниот штрајк во мирување по средбата што се одржа зад затворени врати, а на која требаше да се донесе одлука за почнување на генералниот штрајк в понеделник.
„За зголемување на платите од 1.1.2020 година, потребни им се уште неколку дена на министерот и на МОН. За, конечно, да се обезбедат средства што ќе ги задоволат нашите барања“, соопшти претседателот на СОНК, Неделков.
На средбата беше и министерот за образование, Арбер Адеми, и рече дека договориле да го стават штрајкот во мирување до добивањето конечна понуда за покачување на платите од МОН.
„Сега дискутираме за покачување на платите од 1 јануари. И за ова поместување, во смисла на моментот од кога ќе се пресметува третото покачување на платите во дејноста образование, секако дека е неопходно да се обезбедат сретства. И на тоа работиме“, рече Адеми.
Адеми го покани членството на СОНК утре во МОН, на, како што рече, последната рунда пријателски и конструктивни преговори. СОНК и Владата досега одржаа три состаноци, на кои се преговараше за зголемување на платите во образованието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

