Македонија
Сончево време до вторник, од среда пороен дожд и грмежи
До вторник ќе се задржи стабилно и топло време, кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени, јави Управата за хидрометеоролошки работи.
Дестабилизирање на времето се очекува од среда, проследено со локален пороен дожд, грмежи и постепено опаѓање на дневните температури.
Инаку, времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во итнтервал од 12 до 21, а максималната од 32 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода
ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците дел од ул. Козле, дел од објектите над КАМ-маркет кон Центар во општина Карпош;
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на ул. Ѓорѓи Андреевиќ и ул, Горно Лисиче во општина Ѓорче Петров;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците на ул Јабланица бр.101А во општина Кисела Вода.
Македонија
Прекинато водоснабдување за жителите на улицата Петричка 11 во Скопје
Центарот за управување со кризи известува дека денеска поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Петричка 11, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Скопје
Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура
Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од 14 часот пред Стара Пошта и ќе продолжи во 14.30 часот пред Град Скопје.
Организаторите ги повикаа сите да излезат на протестот и да го искажат незадоволството.
По спроведената анкета на која одговориле 3.568 студенти, 85 отсто од нив рекле дека во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7 проценти од нив, чекаат автобус над 20 минути.
Дополнително, 93,6 отсто од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7 проценти изјавиле дека од истите воопшто не се задоволни од истиот.
Дополнително, организаторите на протестот апелираат на воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.
Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit; Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје; Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии; Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.