Македонија
Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. И во понеделник во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: ДУИ јавно ја призна вината за бришењето на дијаспората

Денес, пред очите на јавното мислење и медиумите, Демократската унија за интеграција јавно ја призна вината за една од најсериозните и неуставни неправди врз Албанците од Северна Македонија, бришењето на дијаспората од пописот на населението во 2021 година преку скандалозната методологија што ги подели жителите на резиденти и нерезиденти, велат од „Вреди“
Наместо да дадат отчет за овој сериозен политички и национален чин, како што истакнуваат во реакцијата, тие избегнаа каква било одговорност, молчејќи за фактот дека пописот е спроведен во време кога ДУИ беше на власт и имаше свој претставник во Државниот завод за статистика.
„Зошто ја избришавте албанската дијаспора од пописот?
Која беше валканата политичка зделка што ја направивте и со кого?
Зошто ги исклучивте Албанците од дијаспората од донесувањето одлуки кои со децении придонесуваат за оваа земја?“, прашуваат од „Вреди“.
Според нив, тоа е невиден чин, со кој се нарушува фундаменталното право на дијаспората да биде составен дел од албанскиот народ во Северна Македонија, не само емоционално, туку и правно и институционално.
„Сега е јасно: ДУИ, заедно со своите нонграти пријатели, не само што молчеа за оваа неправда четири години по ред, туку денес признаа дека биле коорганизатори на овој неправеден процес, а притоа не дадоа никаков одговор за нанесената штета.
Додека Албанците од дијаспората беа изоставени, ДУИ денес прави нови пазарења за заеднички листи на локалните избори. Дали ова е предупредување за нов таен договор меѓу ДУИ и нејзините патерици? Со овој договор, дали новите сојузници ја амнестираа ДУИ за овој срамен чин“.
Од „Вреди“ велат дека таквите неправди нема да останат неказнети.
Во октомври 2025 година, како што додаваат, најсилниот одговор ќе дојде од граѓаните и дијаспората, кои ќе изберат еднаквост, правда и достоинствено претставување, а не пазарење и манипулација.
„Вреди“ ќе продолжи да ја потсетува албанската јавност на сите антиалбански одлуки на претходниот режим. Оние кои ја исклучија дијаспората ќе бидат исклучени и од локалната власт. И тоа ќе го сторат граѓаните со својот глас, додаваат од оваа партија.
Македонија
Дали пироманите и некрофилите од СДС се радуваат на пожарите и мислат дека ќе помине паниката која ја прават во државата со фотографии од пожари во Шпанија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пироманската и некрофилската СДС сака да создаде некаква паника и хистерија помеѓу народот и дава се од себе да направи некаква слика дека Владата не се справува со пожарите, нешто во кое што никој не им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, додаваат од партијата на Мицкоски, тоне во својата безидејност и немајќи како да докажат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се справува со пожарите, користат слики од пожари во Шпанија за да пробаат некако да си ја потврдат тезата.
„Во Бугарија има над 240 пожари, во Грција над 50, во Турција над 80, во Албанија над 40, во Косово на 10тина. Се евакуираат граѓани од местата каде што имаат пожари, се повикуваат ЕУ механизмите, надлежните институции и пожарникарите се 24 часа на терен и цел Балкан е на силен удар на високи температури и пожари кои уништуваат куќи, имоти, земјоделски површини. Во неколку од овие држави имаме дури и жртви.
Од друга страна пак, во Македонија имаме 8 активни пожари, 7 под контрола и 36 изгаснати пожари. Тоа значи дека надлежните реагираат брзо и ефикасно. Тоа значи дека она што го говорат пироманите и некрофилите од СДС, не е воопшто точно“, се истакнува во информацијата од партијата на власт.
Според нив, граѓаните знаат дека СДС изминатите 7 години не успеа да се справи со пожарите, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите механизми кои се пристапни да ги изгаснат пожарите и успешно се справува.
„Прашањето е, дали СДС со ова сака да го покрие сомнежот дека лица блиски до нив имаат некакво учество во подметнувањето на пожарите, кои за среќа веднаш се локализираат, ставаат под контрола и гасат.
Следен пат кога пироманите и некрофилите од СДС ќе говорат за пожари и неуспеси, нека се обидат барем сликата да биде од Македонија“.
Македонија
И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред полноќ паркирани пред трговскиот центар „Мавровка“, премиерот Христијан Мицкоски не знае дали таму биле на владин состанок. Тој денес рече дека ќе ги праша на каков состанок биле со службените возила.
„Ние како Влада работиме до доцна навечер, и јас исто така. Сигурно биле на состанок во кој имало потреба и поврзани работи со Владата, а доколку не биле, тогаш треба да им се извинат на граѓаните. Ако ги користеле за приватни или партиски цели, да им се извинат на граѓаните затоа што ги трошат ресурсите на граѓаните. Но, доколку имале состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам дека тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам“, рече премиерот Мицксоки.
Екипа на „360 степени.мк“ на 18 јуни објави дека ги фотографирала службените автомобили на заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, и на вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, паркирани на булеварот Крсте Петков-Мисирков пред трговскиот центар „Мавровка“ околу 23 часот, во близина на партиски штаб на „Вреди“, чии членови се обајцата.
Вицепремиерите сѐ уште јавно не кажаа на каков состанок биле.
За да се избегне користењето службени возила за приватни и за партиски цели, оваа Влада најави регистарски таблички во боја за да може секој граѓанин да ги разликува од приватните возила и да пријави сомнеж за злоупотреба, но најавата сѐ уште не е реализирана.