Контакт

Македонија

Сончево време со температура до 30 степени

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени, јавува УХМР.

Во наредните денови следува период на стабилно време со умерена облачност. В недела ќе има услови за локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.

Македонија

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС не на улица, вели Дурмиши

Објавено пред

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја потпишал минималната плата без согласност од Економско – социјалниот совет(ЕСС), што е законска обврска, за да не се блокира целата држава. Најави дека ќе закаже седница на ЕСС во моментот кога комисијата за утврдување репрезентативност ќе донесе одлука кој синдикат е репрезентативен, обврска која досега не е завршена оти Владата ги повлече своите членови па назначуваше нови, а новиот состав не успеа да ја донесе одлуката пред истекот на законскиот рок за зголемување на минималната плата. Денешниот протест на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за 500 евра минимална плата министерот Дурмиши вели дека е нивно демократско право, но нагласи дека минималната плата треба да се договара на седница на ЕСС, а не на улица.

dobivaj vesti na viber

„Живееме во демократија. Секој има право да излезе на улица и да протестира, да го искаже својот револт, но јас пак ќе кажам дека на синдикатите им е истечен мандатот и веќе не се репрезентативни. Ние како Влада ја формиравме комисијата која требаше да утврди репрезентативност на синдикатите, таа комисија веќе работи. Очекувам да заврши со работа час поскоро, таа комисија упорно работи. Веднаш откога ќе се определи кој синдикат е репрезентативен јас ќе свикам седница на Еконосмко – социјалниот совет. Синдикатите треба таму да ги кажат своите барања, а не на улица“, вели министерот Дурмиши.

Минималната плата министерот вели дека е покачена за 1800 денари според важечката методологија за која дале согласност и синдикатите и работодавачите. Со усогласувањето, минималната плата изнесува 400 евра, но за објавена е без согласност на ЕСС.

„Согласност нема поради тоа што нема репрезентативност од синдикатите. Јас според законот кој е на сила и кој е потпишан и од синдикатите и од работодавачите обврзан сум и по одлука на Влада пред 31 март, да ја објавам минималната плата. Знаеме дека од минималната плата потоа се пресметува и просечната плата и другите плати. Замислете ако не ја објавевме ние до 31 март, ќе се блокираше целата држава, ќе се блокираа сите институции и приватниот сектор немаше да може да пресмета плати за вработените“, рече министерот Дурмиши.

ССМ не отстапува од барањето минималната плата да биде 500 евра и затоа денес излегува на протест. На улица ќе излезат 300 челнови на највисокото раководство на ССМ заедно со работниците. Пред Собранието ќе им порачаат на пратениците дека не може да има за пратениците, а да нема за работниците, а пред Влада на владините функционери ќе им порачаат дека не може да се одлучува за работниците беа работниците.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од недела заладување и снег на планините

Објавено пред

Од недела нè очекува пад на температурите и врнежи од снег на планините, информира УХМР.

dobivaj vesti na viber

До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела, поради продор на студена воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд, на планините снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Безбедноста на храната, влијанието врз здравјето на граѓаните: АХВ и годинава дел од кампањата на EFSA Safe2eat

Објавено пред

Како контакт точка на Агенција за безбедност на храната на Европската унија (EFSA), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повторно е дел од кампања Safe2Eat насочена кон зголемување на довербата на потрошувачите за безбедноста на храната, во Европската унија (ЕУ) и кај нас. Во рамки на кампањата која EFSA ја реализира со земјите партнери од ЕУ, годинава со проширен опсег, продлабочувајќи ја поврзаноста со граѓаните, Агенцијата за храна и ветеринарство во оваа кампања акцент ќе стави на темите кои се однесуваат на додатоците во исхраната, безбедното ракување со храна, здравствените тврдења и влијанието на храната врз здравјето на граѓаните, соопштија од агенцијата.

dobivaj vesti na viber

Во петтата година од реализацијата, кампањата, EFSA, настојува на потрошувачите да им обезбеди јасни, научно поддржани факти за безбедноста на храната и совети, со цел да им помогне да прават избор на храна како информирани потрошувачи. Годинава означувајќи значајна пресвртница во нејзината мисија да им помогне на повеќе Eвропејци да ги прават своите избори на храна со доверба, во кампањата Safe2Eat 2025, учество земаат 23 земји (Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Словачка, Шпанија и Турција).

Активностите поврзани со темите кои ги одбра АХВ во рамки на оваа кампања на EFSA, ќе се реализираат во соработка со операторите, науката, стопанските и независната Лекарска комора и со претставници од невладиниот сектор. Во соработка со граѓаните како потрошувачи, согласно Акцискиот план на кампањата, ќе бидат направени неколку јавни анкети поврзани со прашањата кои се однесуваат на додатоците во исхраната, здравствените тврдења, безбедното и правилно ракување со храната и за влијанието на храната врз здравјето на потрошувачите. Резултатите од анкетите АХВ ќе ги сподели со македонските граѓани и со Европската агенција за безбедност на храната ( EFSA) за понатамошна евалуација.

Како еден од најригорозните системи за безбедност на храна на глобално ниво, европскиот, поддржан од најсовремената наука, вклучува тесна соработка меѓу Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и националните власти за безбедност на храната низ Европа, вклучително и со Северна Македонија, при што, сите имаат клучна улога. Врвни научници од Европа прават проценка на безбедноста и хранливата вредност на храната и даваат совети, тесно соработувајќи со национални и меѓународни партнери, произведители, организации на потрошувачи и групи од граѓанското општество. Заедно, тие ја комбинираат експертизата на ЕУ и националната, обезбедувајќи примена на најновите докази и пристапи со цел обезбедување на безбедност на храната за европските и за македонските граѓани.

Мината година според оценките на EFSA, кампањата Safe2Eat достигнала рекордни нивоа на влијание допирајќи до 45 проценти од целната публика низ Европа, односно до повеќе од 50 милиони Европејци. Нагласувајќи ја важноста на безбедноста на храната во секојдневните одлуки и потврдувајќи го и влијанието врз донесувањето на одлуки од страна на потрошувачите, според резултатите од анкетата која ја спровела EFSA во декември минатата година, оние граѓани кои ја прифатиле кампањата, биле повнимателни при изборот на храна, водејќи сметка за нејзината безбедност.

Годинашнава кампања, изградена на постигнувањата на ланската, има за цел да го продлабочи своето влијание преку проширување на нејзината реализација вклучувајќи пет нови земји учеснички, да ги реши клучните грижи на потрошувачите за безбедноста на храната како што се улогата на науката за обезбедување безбедна храна, ставајќи акцент и на важноста на јасното означување на храната и придобивките од намалувањето на отпадот од храна. Зголемена ќе биде и достапноста на информациите за безбедноста на храна со нови, лесно разбирливи содржини, прилагодени на различни демографски и културни контексти.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги повикува потрошувачите од Македонија да ја посетат официјалната интернет страна на кампањата (https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat) да ги проучат едукативните материјали и да се поврзат со содржината на кампањата на социјалните мрежи користејќи го #Safe2EatEU.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја потпишал минималната плата без согласност од Економско – социјалниот совет(ЕСС), што е...

Топ36 минути

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија43 минути

„Кој се плаши од анкетна комисија во Собранието со меѓународно надгледување“, прашува ДУИ

„Демократската унија за интеграција прашува – кој се плаши од формирање на анкетна комисија во Собранието со учество на сите...

Македонија2 часа

Од денеска нова авионска линија Скопје – Париз („Орли“)

Од денеска Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово, на Меѓународниот аеродором...

Македонија3 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија5 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија6 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија6 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија6 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија15 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија17 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија18 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија19 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија19 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија20 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија21 час

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија22 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија22 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет1 ден

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...