Контакт

Македонија

Сончево време со температура до 31 степен

Објавено пред

Вренето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 24 до 31 степен.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со благ пораст на дневната температура. В сабота кон крајот на денот и в недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Македонија

Ѓорѓиевски: Не позајмуваме, за прв имаме повеќе приходи од долгови

Објавено пред

2024 година е трета година од мојот мандат, но и трета година во историјата на Кисела Вода кога финансиските средства на општинската сметка се значително повисоки од обврските. Денес, за разлика од минатото, ние не позајмуваме, ние инвестираме, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на почетокот од своето денешно обраќање пред Советот на Општина Кисела Вода каде се усвоија кварталните извештаи.

dobivaj vesti na viber

Во своето излагање, тој ја истакна трансформацијата на општината во изминатите три години, посочувајќи ги рекордните финансиски резултати и историските капитални инвестиции.

-2023 и 2024 година се години со највисоки капитални инвестиции во историјата на нашата општина. Истовремено, 2024 е годината со највисоки приходи остварени во буџетот споредбено со било кога во минатото. Ги срушивме старите лоши навики на моите претходници, ја запревме праксата на непланирани трошења и создадовме модел на развој кој гарантира стабилност и раст, изјави Ѓорѓиевски. Информираше и дека со оваа историски највисока реализација на капитални проекти во износ од 155.898.143 денари, не се вклучени ниту еден од проектите чија реализација е во тек и ќе бидат завршени во 2025 година: Изградба на Основно училиште „Климент Охридски; Доградба на детска градинка „8-ми Март“; Доградба на Основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“; Реконструкција на коловоз на ул. „Ѓорѓи Димитров“; Изградба на пат кон манастир „Пеленица“; Изградба на потпорни ѕидови и уредување на речното корито „Мала Рада“.

„Цело време говоревме дека работиме домаќински – ги скративме сите непродуктивни расходи, но истовремено ги зголемивме приходите. Денеска можеме со гордост да кажеме дека поставивме здрави темели и изградивме просперитетна и самоодржлива општина“, потенцираше градоначалникот, додавајќи дека делот на приходите, разликата меѓу работењето денес и она во минатото е драстична.

-Реализираните приходи во консолидираниот Буџет за 2024 година се за 38% повисоки во однос на 2020 година, односно за 287.541.464 денари повеќе. Во 2020 година, претходната власт користеше кредит од 54.451.735 денари, кој сега ние го враќаме. Без тие средства, разликата во нашето работење во 2024 година изнесува 341.993.199 денари повисоки приходи.
Кога на ова ќе се додадат сите скратени непродуктивни трошоци, јасно е зошто денеска имаме најмногу капитални проекти, а истовремено и рекорден број на субвенции и помош за жителите“, истакна градоначалникот, додавајќи дека Буџетот за 2025 година ќе овозможи многу повеќе приходи, со тоа и многу повеќе капитални проекти и субвенции, како и целосна реализација на ветената pрограма.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Нептун Македонија“ со 430.000 денари донирани на СОС „Детското село“ – благодарност до клиентите за поддршката

Објавено пред

Нептун Македонија трета година по ред е стратешки партнер на СОС Детско село и со различни активности ја поддржува мисијата на СОС Детско село – ниту едно дете да не расте само.

dobivaj vesti na viber

 

Минатата година компанијата ја спроведе големата хуманитарна акција „Заокружи сметка“ која е активност на поддршка, со што им се овозможува на потрошувачите на лесен и едноставен начин да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа. Секој купувач имаше можност да ја донира разликата помеѓу износот на сметката и првиот поголем износ. Како благодарност и поддршка, на собраните средства од своите клиенти, компанијата се приклучи со донирање на 430.000 денари во месец февруари, во рамки на кампањата „Месец на љубовта“.

„Како компанија која ја цени и ја негува традицијата, зачувувањето на семејните вредности е од големо значење за нас. Имаме повеќе од 400 вработени, и семејниот дух, топлината и тимската енергија се присутни во секој наш проект. Оваа донација е дел од континуираната акција на компанијата, резултат на заедничката поддршка и ангажман на нашите клиенти, кои со своите купувања станаа дел од иницијативата за подобро утре. “ – изјави Александра Тасевска, Координатор за корпоративен маркетинг.

Токму преку Хуманитарната акција „Заокружи сметка“ Нептун сака да помогне во зајакнувањето на капацитетите и потенцијалите на згрижувачите и децата, а воедно да постави позитивен пример и мобилизира и други компании во намерата за поттикнување на позитивни општествени промени.

„Како дел од својата долгорочна стратегија за корпоративна одговорност, НЕПТУН редовно спроведува донации и иницијативи со цел да придонесе за подобро општество. Знаејќи колку е тешко да се живее без родители, вложуваме максимални напори да придонесеме кон подобар животот на децата поддржани од СОС Детско село. И, да бидам искрена, пресреќни сме кога гледаме колку значи поддршката од локалната бизнис заедница. ” – додава Тасевска.

Радуваат и податоците дека од година во година, потрошувачите покажуваат се поголема солидарност и желба да го „заокружат“ износот на својата сметка, донирајќи за подобра иднина на децата поддржани од СОС Детското село, и заеднички со Нептун Македонија испраќаат силна порака дека не се сами во светот.

 

ПР

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Објавено пред

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање, се вели во владиното соопштение откога претходно денеска СДСМ им достави документи на премиерот Христијан Мицкоски и на Владата за скандалот со Меџити.

dobivaj vesti na viber

„Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување.

Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади.

Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од владата на СДСМ и ДУИ“, прецизира Владата во соопштението.

Додаваат дека остануваат посветени на транспарентноста и ги повикуваат сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како што повика и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата...

Македонија37 минути

Maкедонската Влада во ОН беше усогласена со САД, Мицкоски ја унапреди соработката, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, а СДСМ во очај и љубоморат на сопствената држава, реагира...

Свет55 минути

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла...

Македонија2 часа

Меџити за обвинувањата: СДСМ и ДУИ се синхронизирани, не може административна работа да се прикаже како голем скандал

СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем...

Македонија4 часа

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б. Ф. во својство на сопственик и...

Македонија5 часа

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи...

Македонија5 часа

„Каде завршија 1,2 милион евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се...

Европа6 часа

Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога во целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине...

Свет7 часа

(Видео) Се урна мост, има мртви и исчезнати: се појави снимка од катастрофата во Јужна Кореја, сè падна врз работниците за секунда

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција...

Регион7 часа

Србија гласаше за европската резолуција за Украина; Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека...

Свет7 часа

(Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните...

Свет8 часа

(Видео) Макрон го прекина Трамп за време на прес-конференција

И покрај огромните разлики во ставовите, Доналд Трамп и Емануел Макрон вчера изјавија дека сакаат да работат заедно за да...

Македонија22 часа

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија24 часа

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...

Македонија1 ден

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од...

Економија1 ден

Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги...

Македонија1 ден

Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците со цел подобра информираност на потрошувачот и олеснување на споредливоста на цените,...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со...

Европа1 ден

Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани...

Европа1 ден

(Видео) Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на...