Македонија
Сончево и ветровито со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер, кој по должина на Повардарието краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во следните денови времето ќе биде сончево со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, кој до четврток ќе биде северен, а потоа јужен. В петок и в сабота ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во брз пораст, а потоа нема многу да се менува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.