Македонија
Сончево и потопло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност.
Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од УХМР најавуваат дека од денеска ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд во северните делови.
До среда ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, а во понеделник попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитриевски со ЗНАМ вечерва на голем собир на плоштадот во Куманово

Кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, носителката на советничката листа Ивана Ѓорѓиевска, неколку други кандидати за советници и пратеникот од ЗНАМ Даниел Стојчевски, синоќа одржаа собир со граѓани во населбата Вера Которка. На настанот отворено разговараа за приоритетните проекти во населбата, но и генерално во општината, кои треба да придонесат за дополнително подобрување на квалитот за живот на Кумановци.
На присутните им се обрати носителката на советничката листа, Ивана Ѓорѓиевска, која е и актуелен претседавач со кумановскиот Совет. Таа им се заблагодари на жителите од оваа кумановска населба за поддршката што ја давале и ја даваат во конинуитет во работењето на градоначалникот и советот. Ги повика активно да учествуваат во носењето на сите идни одлуки за доброто на општината.
„Многу е важно, секој оној што ќе почувствува дека може да даде придонес за развојот на Куманово во било кој сегмент, да дојде и да даде идеја. Затоа што во целата општина, и во селата, и во приградските населби, и во градот има голем број луѓе кои може да помогнат. Нашата заложба е сите нив да ги пречекаме со отворени раце и да им ги сослушаме внимателно што имаат да нѝ кажат“, нагласи Ѓорѓиевска.
Таа потенцираше дека е потребно Советот на Куманово да има стабилно мнозинство кое со одлуки ќе ги спроведе сите предлози од градоначалникот за реализација на проектите. Но, уште повеќе е важно во Советот да членуваат луѓе кои доаѓаат од секој дел на општината, бидејќи тие знаат најдобро да се борат за интересите на жителите во средините од кои доаѓаат.
На присутните граѓани им се обрати и кандидатот за советник Аце Трајковски кој доаѓа токму од оваа населба. Тој се заблагодари за неговата номинација на советничката листа на ЗНАМ и најави дека ќе се бори да се чуе гласот на жителите од Вера Которка. Ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат масовно и да гласаат за поддршка на нивната кандидатска листа и за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.
Вечерва во 19:00 часот, на Градскиот плоштад во Куманово, ќе се одржи промотивната конвенција на Движењето ЗНАМ, на која ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и советничката листа предводена од Ивана Ѓорѓиевска. Од ЗНАМ ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на настанот каде ќе се промовираат и клучните проекти за подобро Куманово во наредните четири години.
Македонија
Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е одложено за 8 октомври.
Причина е барањето на одбраната државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да ја преземе постапката или да ја делегира на друго обвинителство.
Нови бранители на Васев се адвокатите Дељо Кадиев и Спиро Ристовски.
Македонија
Континуиран раст на наплатата на приходи од Царинската управа, во септември наплатени над 179 милиони евра

Во септември, Царинската управа наплати приходи од 179,5 милиони евра, што претставува раст од 7,5 проценти или зголемување од 12,5 милиони евра во однос на истиот месец минатата година.
Притоа, најголем процентуален раст од 13,4 проценти е остварен во наплатата на приходи од царина. Наплатата на приходи од ДДВ бележи раст од 8,7 проценти, од ДМВ за 6,9 проценти, додека од акциза за 3,7 проценти.
„Создадовме систем што континуирано генерира високи приходи во Буџетот и овозможува повеќе средства за капитални проекти кои ќе генерираат одржлив економски раст. Во јули, наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, во август за 14,5 милиони евра, а во септември за 12,5 милиони евра“, вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 1,58 милијарди евра, што е за 78 милиони евра повеќе од лани истиот период.