Македонија
Сончево и топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Од пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Од пладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Палењето на куќата на Пандов е обид за заплашување и замолчување, бидејќи криминалците повеќе немаат заштита од власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и повика на итна и брза реакција од страна на институциите.
„Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат.
Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Криминалците повеќе немаат заштита од страна на власта. За ваквото девијантно однесување мора да има казна.
Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши, за секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност. Правда мора да има!“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Државниот секретар Петрушевски на средба со амбасадорот на Црна Гора Миљаниќ

Вчера државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари работна средба со амбасадорoт на Црна Гора во Р.С.Македонија Н.Е. Зоран Миљаниќ.
На средбата заеднички беа потврдени одличните односи помеѓу двете земји и високото ниво на политички дијалог и соработка, како и посветеноста за натамошно продлабочување на истата, извести МВР.
Државниот секретар во МВР Петрушевски се заблагодари за постојаната поддршка од страна на Црна Гора, потенцирајќи ја важноста за продолжување на билатералната и регионалната соработка кои се од особено значење за двете држави.
Во фокусот на состанокот беа актуелните политички состојби во двете земји, можностите за продлабочување на соработката преку учество во регионалните и меѓународните иницијативи, со цел зајакнување на истата во контекст на справување со безбедносните предизвици и борбата против секаков вид на криминал, соопшти МВР.
Македонија
„Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во слободното време, кога не ги распродаваше националните и државни интереси, Заев тераше разработени криминални и рекет шеми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потрагично од криминалот на Заев е што неговиот наследник во СДС, Венко Филипче се воодушевува од него, вели дека нема друг како него и смета дека народот треба да учи од него и од неговото работење.
Една од криминалните афери на претходникот на Филипче, Зоран Заев, беше криминалната аферата Глобал, тешка осум милиони евра.
Заев требаше да заврши зад решетки затоа што жив беше фатен во криминал од 8 милиони евра, но од затвор се спаси затоа што беше амнестиран од Бранко Црвенковски.
Кога Филипче се воодушевува од Заев и вели дека народот треба да учи од него, дали мисли и на ова, како да се направи криминал тежок осум милиони евра и за тоа да не се одговара?
Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра, а благодарение на СДС остана неказнет.
Дали Филипче е воодушевен и од тоа и дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или, пак, тој криминал и неказнивост можеби ќе го осуди?
Но, како вика народот, во секое зло, добро. Па така, во се ова, добро е што Венко Филипче призна и кажа се. Сега народот нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да ги следи криминалните стапки на Зоран Заев, кој е и негов водич и учител.
Со ова признание, Филипче уште еднаш се покажа СДС беше и останува симбол на криминал, корупција и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.