Македонија
Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 29 степени.
До сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија, Шандор Пинтер.
На средбата беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.
Беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште за спроведување на законот во делот на спроведување на заеднички обуки.
Исто така, министерот Пинтер упати покана до министерот Тошковски да уќествува на претстојната конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Будимпештанскиот процес, која ќе се одржи во Будимпешта во ноември оваа година.
Скопје
Стефковски: Ова е време на дела за Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во посета на Стајковци каде што направи увид на градежните активности за асфалтирање на улица 3.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Денешниот работен ден го започнавме со увид на градежните работи за асфалтирање на улица 3 во Стајковци. Жителите од оваа улица повеќе од 60 години газеле кал и земја. Дадениот збор пред граѓаните се исполнува! Ветив дека оваа улица ќе се асфалтира и денес тоа станува реалност! Реализираме инвестиции во патната инфраструктура како никогаш досега! Асфалтирани се повеќе од 70 локални улици во изминатите скоро три години од мојот мандат. Тука нема да застанеме! Продолжуваме понатаму! Ова е време на дела за Гази Баба! – напиша Стефковски.
Македонија
Таравари во Обединетите Нации повика на глобална соработка во борбата против антимикробната отпорност
Министерот за здравство Арбен Таравари учествуваше на состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност 2024 година во Генералното собрание на Обединетите нации.
Во својот говор на 79-та сесија пред Генералното собрание на ОН, министерот Таравари ја истакна посветеноста на Северна Македонија во борбата против глобалната закана од антимикробна отпорност како важен предизвик за јавното здравје и одржливоста на здравствениот систем по пандемијата COVID-19.
Таравари ја потврди заложбата за почитување на Резолуцијата 71/3 на ОН и имплементацијата на патоказот на СЗО за периодот 2023-2030 година, споменувајќи неколку достигнувања на Северна Македонија како што се надзорот на РАМ, подигањето на свеста за употребата на антибиотици и зајакнувањето на лабораториските капацитети, нагласувајќи ја важноста на мултисекторскиот пристап наречен „Едно здравје“ кој го вклучува здравјето на луѓето, животните и животната средина.
Министерот Таравари во оваа прилика повика на глобална соработка за борба против антимикробната отпорност за заштита на здравјето на идните генерации.
„Додека се подготвуваме за 4-та министерска конференција за антимикробна отпорност во ноември 2024 година, ги повикуваме претставниците на сите земји-членки овде да се обединат во нашите напори против РАМ. Заедно, можеме да го заштитиме здравјето на сегашните и идните генерации“, рече Таравари.