Македонија
Сончево и топло време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне особено во западните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец, а од пладневните часови ќе има појава на краткотрајна нестабилност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на топло време, повремено со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот и на почетокот на следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Колони на Табановце, се чека по 40 минути за излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци низ државата, надвор од градските средини, денеска е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце кон Србија се бележи зголемена фреквенција на возила и се чека околу 40 минути за излез од државата.
На останатите гранични премини од македонска страна, според последните информации, нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои зголемена опасност од појава на одрони.
Најризични делници за одрони се:
Катланово – Велес
Маврово – Дебар – Струга
Виница – Берово
Кочани – Делчево
„Потребна е максимална внимателност, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и одговорно управување со возилото“, порачуваат од АМСМ.
Македонија
Македонија под топлотен бран, температурите до 38 степени

Македонија денеска е под влијание на топол воздушен бран што носи високи температури и претежно сончево време. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денешниот ден ќе биде сончев и премногу топол, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурите ќе се движат од 9 до 19 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат од 30 до дури 38 степени Целзиусови.
Во Скопје исто така се очекува тропско време. Сончево и топло време со мала облачност ќе го обележи денот, а максималната температура ќе се искачи до 38 степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Од УХМР најавуваат дека и во наредните денови ќе се задржи слична временска состојба, сончево и топло со мала до умерена облачност, што значи дека тропскиот бран ќе продолжи и понатаму.
Македонија
62 балони летнаа кон небото во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот во „Пулс“

Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот од 16 март годинава во дискотеката „Пулс“, попладнево во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа комеморативен настан што го организираше Општината со подршка на Црвениот крст, како дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот.
Со многу емоции, членовите на семејствата на настраданите, облечени во црни маички, два часа ја следеа актерката Наталија Теодосиевска, кочанчанка, која со збор и фотографија ги спомена сите загинати што потекнуваат од Кочани, Оризари и општината Чешиново – Облешево.
Комеморацијата заврши на отворена сцена, на јужната страна од ЦК „Бели мугри“ каде од рацете на деца во воздух летнаа 62 балони со имињата на прерано прекинатите 62 млади животи.
На присутните во салата на кочанската Национална установа им се обрати и Живко Гроздановски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Потоа, членовите на семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 –ти март, придружувани од граѓани, заминаа на протестен марш во чест на нивните ангели низ улиците на Кочани.