Македонија
Сончево и топло време со температури до 39 степени, од петок дожд

Сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=9
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за неколку степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нелегална градба во Козле – наместо поткровје, си граделе станови

Инспектори во Козле открија нелегална градба. Станарите добиле одобрение зза градба за кос покрив, но наместо тоа почнале со градба на четири нови стана.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, им порача на граѓаните да не влегуваат во вакви авантури затоа што инспекторите се на терен, а вложените пари ќе завршат во ветер.
„Денес, заедно со градежниот инспектор и раководителот на Инспекторатот, излеговме на терен – улица Козле бр.17. Извршивме увид на настрешница поставена на зграда со рамна плоча. Иако дел од станарите добиле одобрение за кос покрив поради наводно течење, утврдивме дека изведбата НЕ е согласно одобрениот проект! Просторот е поделен на 4 дела – со подготовки за кујни и тоалети – што јасно укажува на обид да се направат уште 4 нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот!“, објави Јакимовски на „Фејсбук“.
Тој информира дека изготвен е записник, а ќе следи и решение за уривање, или обврска граѓаните сами да ја отстранат оваа дивоградба.
„Ги повикувам граѓаните: НЕ влегувајте во вакви авантури! Ни малку не ме радува кога ќе слушнам дека некој потрошил десетици илјади евра, а притоа го прекршил законот – тие пари ќе завршат во ветер! Проектите мора да се изведуваат СТРОГО според одобрението за градба! Законите важат за сите!“, напиша Јакимовски.
Тој најави дека Општината продолжува со инспекциите, а следна на ред е зградата на улица „Никола Парапунов“ и гаражниот простор таму.
Македонија
Ниеден обвинител не се повлекол од истрагата за Кочани, велат од ЈОРМ

Ниеден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација, соопштија од Јавното обвинителство по наводите на ДУИ дека еден јавен обвинител се повлекол поради несогласувања во врска со квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата.
Од Обвинителството наведуваат дека обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејства.
Од таму додаваат дека не се повлекол обвинител ниту од Јавното обвинителство ниту од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, чие одделение ги истражува полицајците осомничени за трагедијата во Кочани.
Македонија
Контрабасот доби нов дом: MINT Fintech Group со донација за Jazz Factory Festival во Битола

Jazz Factory Festival оваа година започнува со еден исклучително значаен подарок. Нов контрабас, дониран од MINT Fintech Group.
„Контрабасот не е само инструмент – тој е срцето на секој џез ансамбл. А за нас, оваа донација е симбол на ритамот што го делиме со градот и сцената која ја поддржуваме,“ велат од MINT.
Со оваа донација, решен е проблем кој со години ја отежнуваше организацијата на фестивалот. Странски музичари честопати беа спречени да настапат во Битола поради логистичките компликации за транспорт на сопствен контрабас, а организаторите често мораа да изнајмуваат инструмент за да обезбедат квалитетен настап.
„Ова не е само донација – ова е решение за еден сериозен предизвик. Контрабасот што го добиваме значи отворена врата за уште поголеми имиња и повисоко квалитетни настапи. Му благодариме на MINT што го препозна значењето и ни помогна да изградиме посилна инфраструктура за фестивалот,“ изјави Сашо Поповски, директор на Jazz Factory Festival.
Под мотото „MINT plays the bassline“, компанијата се вклучува не само како спонзор, туку и како активен учесник во поддршката на културната вредност и иднината на младите музичари.
Фестивалот официјално започнува денес, а звукот на контрабасот, засилен со поддршка од MINT, ќе одекнува на новото издание на JFF.
ПР