Македонија
Сончево и топло, за викенд дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне, претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана, но силна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево и топло, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно во делови од котлината и во вид на невреме. Ќе дува слаб променлив ветер, а дневната температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени. Маврово 26, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 28, Кавадарци 34, Дојран 35.
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Во Скопје претпладне претежно сончево, а попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, во делови од котлината и во вид на краткотрајно невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 34 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерката Јаневска на министерски состанок на земјите од Западен Балкан во Подгорица

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на министерски состанок на земјите од Западен Балкан за истражувања и иновации кој ќе се одржува во Подгорица, Црна Гора на 20 и 21 октомври 2025 година.
Дводневниот настан предвидува повеќе панел дискусии посветени на можностите за развој и поврзување на истражувачката инфраструктура на земјите од Западен Балкан, анализа на ефективноста на Планот за раст и националните стратегии за паметна специјализација на државите од регионот, како и за примената на вештачката интелигенција во науката и истражувањето, извести МОН.
Освен учество на панел дискусиите, министерката Јаневска ќе оствари и билатерални средби со еврокомесарката за истражување и иновации Екатерина Захариева, директорката на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Сабине Хенцлер, претседателката на Европската мрежа за соработка во областа на истражувањето и технологијата (COST) Асе Горницка и со црногорската министерка за образование, истражување и иновации Ангела Јакшиќ Стојановиќ, соопшти МОН.
Македонија
Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани, први избори по трагедијата во „Пулс“

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори.
Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 гласа, односно 17,24 проценти.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.
Овие избори се одвиваат во посебна атмосфера — тоа се првите избори по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 63 млади луѓе, настан што длабоко го потресе Кочани.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.