Македонија
Сончево и топло со температура до 33 степени

Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 27 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб со ветер од северозападен правец.Температурите ќе се движат од 12 до 31 степен.
Денеска и во понеделник во текот на денот ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која и во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени локални врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за апсењето на поранешниот директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој е под истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија. Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со прекиот суд, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој“, велат од партијата.
Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, и за првпат во историјата на државата одговорност има за сите.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ

Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко. СДС се пуштени на најјако со разни фабрикации, само да не се зборува за ослободувањето од вина на Рамиз Мерко, нивниот коалициски партнер. Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ“, се наведува во соопштението.
Правниот систем, според ВМРО-ДПМНЕ, е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДС и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата.
Македонија
Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски криминал.
Од Обвинителството велат дека освен Крмзов, приведени се уште две лица.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени се уште две други лица“, соопштија кусо од обвинителството, а повеќе детали најавија за утре.
Крмзов е под истрага поради сомневања за даночно затајување и перење пари.