Македонија
Сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи
Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони со зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата. Минималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 21, а дневните од 30 до 38. УВ=8
Во Скопје претпладне претежно сончево, преку денот топло, но со умерен до повремено засилен јужен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата: 19/35 степени.
Во наредниот период времето ќе се задржи топло, во претпладневните делови од денот ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, локално само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо ќе биде во понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

