Македонија
Сончево со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаба локална облачност и со слаб претежно источен ветер. Минималните температури ќе се движат од 4 до 10, а максималните од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб претежно североисточен ветер, со температура од 7 до 22 степени.
Следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Најсончево ќе биде утре. Краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне, а потоа и на крајот на работната недела ќе има ново поголемо наоблачување со услови за пороен дожд со ретки грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).